InsurHack Skopje - хакатон посветен на осигурителната индустрија - Bits of insurance

InsurHack Skopje – хакатон посветен на осигурителната индустрија

InsurHack Skopje е хакатон посветен на осигурителната индустрија, а организиран на иницијатива на Агенцијата за Супервизија на Осигурување и Здружението на финансиски организации при Стопанска Комора. Настанот InsurHack Skopje ќе се одржи на 28-ми и 29-ти септември во просториите на Стопанска Комора на Република Северна Македонија во Скопје. Целта на настанот е студентите да можат да го покажат своето теоретско знаење и вештини и истите практично да ги применат.  Со учеството на овој настан студентите би се запознале со осигурителната индустрија и развој на креативни решенија за унапредување на работните процеси на друштвата за осигурување и посредниците во осигурување.

За време на дво-дневниот настан студентите ќе изработат прототип софтверски решенија на однапред зададени теми. Право на учество на овој InsurHack имаат само студенти на додипломски и постдипломски студии. Учество ќе земат тимови до 4 члена. Целта на оваа работилница е студентите да се стекнат со искуство кое ќе им служи како катализатор за нивните кариери.

За време на InsurHack Skopje организаторите ќе обезбедат одлични ментори од индустријата, храна и освежување, и пристап до информации. Наградата за првите три најдобри тимови е бесплатна обука за застапници или брокери за осигурување, а наградата за прво рангираниот тим е и учество на настанот Insurtech Skopje.

Insurtech Skopje ќе се одржи на 2-ри и 3-ти октомври во просториите на Стопанската Комора, а во организација на Агенцијата за Супервизија на Осигурување и Здружението на финансиски организации при Стопанска Комора.

Целта на Insurtech Skopje е да ги спои на едно место, регулаторите на осигурување, субјектите на пазарот на осигурување и инвеститорите, за да дискутираат за предизвиците со кои ќе се соочува осигурителната индустрија во однос на нејзината дигитализација и какво влијание има врз сите засегнати страни.

Овој настан ќе овозможи промоција идните Insurtech претприемачи преку нивно претставување пред потенцијални инвеститори.

Insurtech Skopje ќе се содржи од два дела:

Прв дел: Start up Pitch Session – претприемачи и start up компании ќе презентираат дигитални решенија во функција на подобрување на процесите на осигурителната индустрија,

Втор дел: Insurtech конференција – учество на реномирани и успешни примери на insurtech компании.

Повеќе информации за настанот InsurHack Skopje и пријавувањето за истиот, може да се најде на следната веб страна http://insurhack.aso.mk