Осигурувањето во ерата на автономни автомобили - Bits of insurance

Осигурувањето во ерата на автономни автомобили

Осигурителната индустрија развива нови начини за проценка на ризик со помош на вештачката интелигенција (ВИ) и автоматизацијата.

Добро познато е дека, ВИ е пулсот на четвртата индустриската револуција. Нејзината присутност се инфилтрира во речиси секој аспект на човечкиот живот, од здравјето и шопингот до јадење и патување. Се наоѓа секаде, од технологија што може да се носи (како паметни часовници и сензори кои постојано мерат нивоа на шеќер во крвта) до автоматско производство. Дизајнерското размислување влегува во овие уреди со цел да  ги направи нашите интеракции со нив да изгледаат интуитивни. 

ВИ е наменета да ги елиминира монотоните повторливи задачи со цел човекот да може да се посвети на нешто друго. Ова значи дека во блиска иднина ќе мора да живееме заедно со ВИ. Можностите за вработување ќе бидат фокусирани на дизајнирање целосно автономни системи со што е можно помала човечка интервенција.

Иако осигурителната индустрија во Африка е релативно недоволно развиена, опфаќајќи помалку од 1,2% (приближно 0,06 милијарди американски долари) на преземени премии за осигурување на глобално ниво, таа беше во можност да се прилагоди со иновативните пристапи кон предизвиците што ги презентира четвртата индустриската револуција. Иншуртек стартапите веќе активно истражуваат како да понудат поперсонализирани решенија во контекст на Јужна Африка.

Преку иншуртек, процесот на побарувања исто така може да се подобри. На пример, ВИ може да анализира фотографија од несреќа и да ја упати за проценка или автоматски да го плати побарувањето. Собирањето податоци се покажа како предизвикувачко во оваа област, но осигурителната индустрија ќе може да напредува со усвојување решенија предводени од интернационалната заедница. Прашањата стануваат се покомплексни со напредокот на технологијата.

Тамара Илиева