Работа од дома - безбедносна закана за компанијата - Bits of insurance

Работа од дома – безбедносна закана за компанијата

Голем дел од сопствениците на мали бизниси изјавуваат дека им дозволуваат на своите вработени да работат од дома кога имаат потреба, но многумина ги немаат обучено овие вработени за сајбер безбедност.

Ова е јаз што може да го изложи бизнисот на сајбер напад. Во неодамнешното годишно истражување на сопственици на мали бизниси, се покажа дека една петтина од нив не обезбедиле официјална обука за компјутерска безбедност за своите вработени.

Безбедносните пропусти што може да ги имаат вработените на оддалечени локации претставуваат една од најголемите закани за сајбер безбедноста. Напаѓачот може да навлезе во компјутер на работник преку јавна Wi-Fi мрежа.

„Она што може да изгледа како безопасна јавна мрежа за Wi-Fi, во крајна линија може да предизвика сериозни проблеми за бизнисот“, рече Кетрин Рудоу, потпретседател на сајбер осигурување на Nationwide Insurance.

Додека 83% од сопствениците на мали бизниси – и 95% од сопствениците на млади бизниси – им овозможуваат на вработените да работат од далечина, само половина ги ажурирале своите далечински безбедносни полиси во изминатата година, покажа истражувањето.

„Многу вработени не можат да ја сфатат големината на ризикот поврзан со компјутерски напад затоа што можеби не се вклучиле во официјален процес на обука“, рече Рудоу. „Застрашувачката вистина е дека многу сопственици на мали бизниси, дури и ако се свесни за овие ризици, не ги спроведоа сите соодветни мерки на заштита“.

Шеесет и пет проценти од анкетираните сопственици на деловни активности рекле дека биле жртви на компјутерски напад. Компјутерските вируси беа најчестиот вид на напад, а 7 проценти од компаниите не успеваат редовно да го ажурираат безбедносниот софтвер.

Само 4 проценти од сопствениците на деловни активности ги имаат спроведено сите препорачани најдобри практики во областа на безбедноста во компјутерските мрежи.


Тамара Илиева