Влијанието на вештачката интелигенција врз осигурителната индустрија - Bits of insurance

Влијанието на вештачката интелигенција врз осигурителната индустрија

За мнозинството повикувањето осигурителна компанија не спаѓа во омилените активности. Тоа е затоа што осигурителната индустријата е една од најмалку иновативните области во областа за искуството на клиентите,  што значи дека нивните интеракци се обично разочарувачки за клиентите. Сепак, работите дефинитивно се менуваат, а вештачката интелигенција игра голема улога. Брзо растечката технологија има потенцијал да ја трансформира целата индустрија и значително да го подобри искуството на клиентите за осигурување.

 

Вештачка интелигенција (ВИ) во процесот на побарувања

 

Осигурителната индустрија е позната по своите застарени процеси. Поднесувањето на побарување честопати и денес изгледа како и пред неколку децении, бидејќи индустријата не вметнува конзистентно нови технологии што им се достапни. Ако некој вработен е зафатен или на годишен одмор, барањето за побарувања може да биде во чекање  додека потребното лице не се врати. Застарените процеси им отежнуваат на агентите со зголемување на обемот на работа, принудувајќи ги да работат со стари системи и фрустрирани клиенти.

 

Како и да е, ВИ може да се примени за да се подобри овој процес. Во моментов, побарувањата поминуваат низ повеќе вработени. Со користење на ВИ и друга технологија може да се имплементира процес на „без допирно“ пријавување на побарување. Овој процес го пријавува побарувањето, одредува штета, врши ревизија на системот и комуницира со клиентот. Потенцијалот е огромен, бидејќи процесот им овозможува на клиентите шанса да поднесат побарувања без да чекаат со часови во редици.

 

Компаниите кои веќе автоматизираат некои аспекти на нивниот процес на побарувања, бележат значително намалување на времето на обработка. Процесите засновани на ВИ, исто можат да се борат против еден од најскапите елементи во осигурителната индустрија: измамни побарувања, кои ја чинат индустријата повеќе од 40 милијарди долари годишно. Алгоритмите на ВИ, можат многу полесно и побрзо да идентификуваат обрасци во податоците и да препознаат измама во споредба со рачно чешлање на податоци од страна на луѓето.

Иднината на ВИ и осигурување

 

Индустријата е дефинитивно подготвена за трансоформација. Клиентите очекуваат да можат да комуницираат со компаниите преку модерната технологија; неодамнешно истражување покажа дека 74% од потрошувачите велат дека би биле среќни да добијат компјутерски генериран совет за осигурување.

 

Многу осигурителни компании веќе користат вештачка интелигенција до одреден степен, а бројот на компании што следат по нивните стапки драстично ќе се зголеми во текот на следните години. Вештачката интелигенција никогаш не била поевтина или подостапна, што значи дека повеќето компании немаат причина да не ја усвојуваат барем во некоја форма.