Кина, Фејсбук и Телеграм ќе лансираат свои криптовалути - Bits of insurance

Кина, Фејсбук и Телеграм ќе лансираат свои криптовалути

Иднината на криптовалутите е прилично нестабилна, некои гледаат голема можност во нив, некои мислат дека наскоро ќе бидат заборавени.

Во скора иднина може да се очекуваат доста нови криптовалути, Фејсбук најавија своја криптовалута – Либра, Телеграм ќе ја лансиират Грам а неодамна и Кина изјави дека ќе издаде сопствена криптовалута.

На 11ти ноември, народната банка на Кина планира да ја издаде својата криптовалута. Овој датум всушност е најпрометниот ден на електронската продажба во Кина.

Уште од 2014 година, Кина ја истражува можноста за лансирање на сопствена криптовалута со цел да ги намали трошоците на промет од традиционалните хартиени банкноти.

 

Тамара Илиева