Фејсбук ќе наплаќа за негово користење?! - Bits of insurance

Фејсбук ќе наплаќа за негово користење?!

Неодамна една тивка и едноставна промена беше направена на веб страницата на Фејсбук. Токму поради оваа промена сега сите се прашуваме дали нашето користење на оваа социјална мрежа ќе биде наплаќано во иднина?

Социјалната мрежа Фејсбук стана таков хит затоа што беше бесплатен производ. Со текот на годините дознавме дека Фејсбук користеше се што можеше од своите корисници. Вид на компромис со кој корисниците честопати се согласуваме. Ние се согласуваме да и дозволиме на компанијата да ги продава нашите податоци за да може да добиеме пристап до некоја услуга.

Дали Фејсбук некогаш ќе наплаќа претплата за својот производ?

Слоганот што се користеше од самите почетоци на Фејсбук, сега е променет. До неодамна, кога ќе ја отворевте почетната страница пишуваше “It”s free and will always be” (бесплатно е и секогаш ќе биде). Доколку сега ја отворите почетната страница ќе забележите дека слоганот е сменет во “It”s quick and easy” (брзо е и едноставно).

Не е јасно зошто Фејсбук повеќе не смета дека вреди да се спомене на страницата за пријавување дека услугата е и ќе остане бесплатна. Исто така, не е јасно дали Фејсбук некогаш ќе наплати за Фејсбук или за други негови услуги.

Се разбира, сите овие шпекулации се засновани врз мала промена што Фејбук ја направи, која можеби и не е толку забележлива за корисниците. Можеби нема вистинска промена во нивното работење, настрана од промената на слоганот, Но, можеби и постои.

 

Тамара Илиева