Еуросиг Скопје станува дел од групацијата Граве - Bits of insurance

Еуросиг Скопје станува дел од групацијата Граве

GRAWE

Австриската групација Граве целосно ја презеде домашната осигурителна компанија Еуросиг. Еуросиг продолжува да работи под името Граве осигурување неживот. 

„Јас можам да Ве известам дека на дешеното Собрание на акционери одлучивме и веќе ја превземавме осигурителната компанија Еуросинг, која сега е во 100 процентна сопственост на ГРАВЕ. Така што ние сега како компанија во Македонија сме застапени не само со животно осигурување, туку и со неживотно, значи имаме и осигурување од штети“, изјави Отмар Едерер претседател на Надзорниот одбор на Граве.

Граве е присутна на македонскиот пазар веќе 12 години и моментално има околу 30% пазарен удел. Еуросиг пред неколку дена ја информираше јавноста дека прави промена на генералниот директор, на местото на Арт Гаши беше назначен Марко Микиќ кој е поранешен генерален директор на Граве.

Тамара Илиева