Белите дробови на планетата во опасност поради овој човек: Откриени тајни документи за што се крие позади разорните пожари во Амазонија - Bits of insurance

Белите дробови на планетата во опасност поради овој човек: Откриени тајни документи за што се крие позади разорните пожари во Амазонија

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро има цел да ја спречи борбата за спас на Амазонија, eден од најголемите природни ресурси во светот, откриваат документите кои неодамна се појавија во јавноста.

Според овие новоткриени документи бразилската влада планира да гради мостови, автопатишта и хидроелектрани во џунглата. Поради ова се спротиставуваат на притисокот да се заштити најголемата дождовна прашума на светот.

Документите објавени од политичкиот портал “Open Democracy” покажуваат дека биле одржувани состаноци на локални и владини претставници, а во текот на еден состанок во февруари, министрите претставиле план за спорниот регион.

“Развојните проекти мора да се применат во басенот на Амазон за тој дел од земјата да ѝ се приклучи на остатокот од државата, за да се спротивставиме на меѓународните притисоци за зачувување на оваа област. Затоа, неопходно е да изградиме хидроелектрана, мост преку Амазон и пат до границата”, пишувало на презентацијата прикажана на состанокот.

Меѓувремено, борбата на странските влади, невладините организации и организацијата “Gaia Amazonas” им ги пореметува државните планови. Прашумите на Амазонија покрај тоа што произведуваат 20% од светскиот кислород не заштитуваат и од многу други опасности.

Нивното уништување, особено во овој период кога климатските промени ни се една од најголемите светски опасности би предизвикало енормна катастрофа. Катастрофата со која се соочуваме е од огромен размер и го загрозува целиот свет.

Досега се регистрирани 72.843 пожари,  84 отсто повеќе од минатата година. Пожарите испуштаат огромна количина на јаглерод диоксид во атмосферата, а оваа година досега се исфрлени 228 мегатони, што е најголема количина од 2010 година.

Се испушта и јаглерод моноксид кој е токсичен во големи количини, а ветрот го однел и подалеку од јужноамериканскиот брег.

Освен тоа, размерите на сечење на амазонските шуми се толку големи што пресметките велат дека наскоро би можеле да дојдеме до точка од која Амазон повеќе нема да може да закрепне.

Дали мостовите, автопатиштата и хидроелектраните на бразилската влада имаат поголема вредност од белите дробови на планетата?  Дали навистина вреди да се загрози целата планета поради ова?!



Тамара Илиева