Илјадници хакирани лозинки сè уште се користат, открива Гугл - Bits of insurance

Илјадници хакирани лозинки сè уште се користат, открива Гугл

Неодамна Гугл откри дека 1.5% од најавите на 650,000 луѓе кои беа скенирани од нивната Password Checkup Chrome екстензија се небезбедни, што значи дека тие кориснички имиња и лозинки биле пробиени.

„Хакерите рутински се обидуваат да се најават на веб-страници со сите информации кои што ги наоѓаат“, изјави Jennifer Pullman, софтверски инжинер на Гугл. „Доколку користите силни и уникатни лозинки за сите важи сметки овој ризик исчезнува.“

Во февруари, Гугл ја објави својата Password Checkup екстензија за да го зголеми безбедноста од хакерството. Гугл е свесен за повеќе од 4 милијарди комбинации на корисничко име и лозинка кои се небезбедни поради пробивање на податоците.

„Само во првиот месец, скениравме 21 милиони кориснички имиња и лозинки и обележавме над 316,000 како небезбедни – 1,5% од пријавувањата скенирани со екстензијата“, заклучи Гугл.

Истражувањето на Гугл открило дека 81.368 сметки, приближно 26% од корисниците, завршиле игнорирајќи ги препораките за ресетирање на лозинките означени од екстензијата како небезбедни.

Покрај тоа, страниците за забава имаа најголем процент на пробиени лозинки од 6,3%, следени од страниците за порнографија со 3,6%. Финансиските и владините веб-страници се со доста помала веројатност за прекршени лозинки, соодветно на 0,3% и 0,2%.

„Уште подобро, 60% од новите лозинки се безбедни од напад со погодување – значејќи дека ќе му треба на напаѓачот над сто милиони претпоставки пред да ја идентификува новата лозинка“, додаде Гугл. „Нашата студија илустрира како безбеден, демократизиран пристап до алармирање за пробиени лозинки, може да ублажи една димензија на пробивање и злоупотреба на лични податоци“.

Може да се воочи дека голем дел од корисниците не се толку загрижени за нивната сајбер безбедност. Дали причината за оваа спокојност е можеби недоволната едукација за последиците со кои би се соочиле при сајбер напад? Со константното зголемување на сајбер нападите, сајбер осигурувањето станува се поактуелна тема. Дали може наскоро да се очекува неопходност на сајбер осигурителни полиси?

Тамара Илиева