Ѓорѓе Војновиќ продолжува да го води Триглав Осигурување - Bits of insurance

Ѓорѓе Војновиќ продолжува да го води Триглав Осигурување

Собранието на акционири на последната сеница донело одлука Ѓорѓе Војновиќ да продолжи да ја врши функцијата главен извршен директор на Триглав Осигурување.

Според соопштението објавено на Македонска берза, Агенцијата за супервизија на осигурување дала согласност за Војновиќ да продолжи да ја врши функцијата во наредните 4 години. 

Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следната ценовно чувствителна информација:

Собранието на акционери на Триглав Осигурување АД, Скопје на 51-та седница, одржана на 29.05.2019 година, го реизбра г-дин Ѓорѓе Војновиќ за член на Одборот на директори на Триглав Осигурување АД, Скопје со мандат од 4 години. Одборот на директори на Друштвото на 158-та седница на Одборот на директори, одржана на  11.07.2019 година, го назначи г-дин Ѓорѓе Војновиќ за извршен член на Одборот на директори –Главен извршен директор, со тоа што Oдлуката влегува во сила на денот на донесувањето, а ќе се применува од денот на добивање на согласност за вршење на функцијата член на орган на управување од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување. На ден 07.08.2019 година Агенцијата за супервизија на осигурување донесе Решение број УП 19-2-654, со кое се издава согласност за г-дин Ѓорѓе Војновиќ за вршење на функцијата член на орган на управување во  друштво за осигурување. Одборот на директори на Друштвото на својата 159-та седница, одржана на 14.08.2019 година, даде согласност за склучување на Договор за работа на извршниот член на Одборот на директори.

Согласно горенаведеното, г-дин Ѓорѓе Војновиќ продолжува да ја врши функцијата Главен извршен директор на Триглав Осигурување АД, Скопје.

 

Триглав Осигурување покажаа позитивни резултати во првите шест месеци од годинава. Обезбедија 630 милиони евра консолидирана бруто премија (10% повеќе споредено со истиот период минатата година) и остварија 41,7 милиони евра добивка пред оданочување, што е 17% повеќе од истиот период минатата година. 

Останува да видиме дали Војновиќ ќе го зголеми растот и во второто пологудие од годината.

 

Тамара Илиева