Google, Alexa, Siri предупредуваат: Милиони изложени на ризик од повици - измама - Bits of insurance

Google, Alexa, Siri предупредуваат: Милиони изложени на ризик од повици – измама

Ново безбедносно прашање ги погоди водечките гласовни асистенти – овој пат не е тоа дека производителите ги снимаат нашите разговори. Откриена е нова измама во која измамниците се кријат зад опциите на асистентите за автоматски повици, со цел да ги привлечат корисниците во нивната стапица.

Измамата работи со плаќање на пребарувачи за да ги промовираат нивните „бизниси“ со цел да се истакнат при пребарување. „Измамниците креираат лажни броеви за услуги на клиентите“, предупредува Бирото за Подобар Бизнис, „кои отскокнуваат до врвот на резултатите од пребарувањето, најчесто преку плаќање на реклами. Кога Siri, Alexa или друг асистент прави гласовно пребарување, алгоритамот може случајно да одбере еден од броевите што се измама.“ Се чини дека асистентите не се толку добри колку што претпоставувавме при откривање на лажни реклами и одбирање на алтернатива.

Бирото за Подобар Бизнис предупредува дека дури и навидум легитимните, познати бизниси можат да бидат вклучени во оваа измама. „Потребен ви е телефонски број на компанија, па го прашувате паметниот уред да го пронајде за вас и да го повика. Но, кога „претставникот“ на компанијата одговара на повици – излегува дека „претставникот“ воопшто не е од компанијата. “

 

Тамара Илиева