Триглав советува: Како да го направите Вашиот дом побезбедно место за Вашето дете? - Bits of insurance

Триглав советува: Како да го направите Вашиот дом побезбедно место за Вашето дете?

1. Залепете ги каблите

Каблите се доста привлечни за децата, но и тешко може да се постават надвор од нивен дофат, а сепак да изгледат убаво. Дали сте пробале да ги залепите со леплива трака? Исечете 5 цм трака и преклопете ја на половина. На преклопот нацртајте лист или лик по желба. Внимавајте да оставите доволно простор за кабелот. Ликот потоа изрежете го, одвојте го преклопот и залепете го кабелот.

2. Околу рачката на шкафчето замотајте гумeни стегачи

А што ли има во ова шкафче? Децата знаат, што и да има, вратата треба да се отвори, да се истражи внатрешноста и да се извади се што има внатре. Размислете, колку се опасни расфрланите предмети во вашите шкафичиња и колку штета би можеле да предизвикат? Тоа едноставно можете да го избегнете со мотатење на гумени стегачи околу рачките. Така ќе ја намалите веројатноста вашето најмило да го отвори шкафчето.

3. Поставете заштита од пена

Размрданата глава при различните игри на вашето дете може да ја заштите и со таканаречено пенасто црвче (црвче од пена). Со нож или ножици исечете ја саканата должина од црвчето. По целата должина издлабете отвор длабок околу еден квадратен сантиметар ( зависно од дебелината на столот или вратата ). Заштитата од пена поставете ја на саканата површина и така ќе обезбедете ударите да бидат безболни.

4. Спречете лизгање со помош на линолеум

Скалите за децата се посебен предизвик за развој на моториката и остварување на саканите цели. Но на нив брзо може да се подклизнат. Со линолеум можете да го спречите лизгањето. Исечете трака од линолеум со големина од еден инч и пресвијте го преку работ на скалите. Така ќе овозможите детето посигурно да се качува и симнува по скалите.

5. Заштитете ги утикачите

Утикачите се исто така посебно привлечни за децата, но истовремено се и многу опасни. За да  избегнете удар од струја купете посебни заштитници за утикачи. Ефтини се и едноставно се поставуваат, а пред се даваат безбедност –  детските рачиња се уште не се толку вешти за да ги извадат заштитниците и да дојдат до утикачот.

Извор: triglav.mk