Реосигурување - кратка историја на индустријата тешка трилиони - Bits of insurance

Реосигурување – кратка историја на индустријата тешка трилиони

Написот “Реосигурување – кратка историја” e спонзориран од optimalreinsruance.com

Вкупниот пазар на реосигурување во 2016та бил 4.2 трилиони американски долари. Оваа огромна економска гранка е во постојан пораст и во 2019та а сепак се чини повеќето луѓе не ни знаат дека постои. Пишувавме за тоа што е реосигурување и разликата со со-осигурувањето. Пишувавме и историја на осигурувањето. Овој пат сакаме да раскажеме за тоа како се родила потребата од реосигурување. Да испишеме кратка историја за развојот на оваа значајна но полуанонимна економска гранка.

Првиот реосигурителен договор

Првата пишана трага за пишан осигурителен договор меѓу две страни датира – 12 јули 1370 година. Сепак различни форми на осигурување постојат уште од времето на Хамураби. Можете да ја прочитате историјата на осигурувањето во нашите претходни написи. Овој пат се посветуваме само на реосигурувањето.

Прв пат реосигурување како термин (“rasichurare” на италијански) се спомнува во Фиренца во 1457. Италијанските градови држави и нивните поморски патешествија допринеле за развој на осигурувањето и реосигурувањето за време на ренесансата. Сепак во ове рани времиња овие договори биле на ниво на опклада.

Развојот на теоријата на веројатноста и статистиката

Блез Паскал (1623-1662) и Пиер Ферма (1601 – 1665) во својата писмена кореспонденција решавајќи проблем за предвидувањево игра со две коцки ја поставуваат основата теоријата на веројатноста. Прашањето кое што го решавале е – колку пати треба да се фрлат две 6тострани коцки за да се добие збир еднаков на 6.

Со развојот на статистичката наука во текот на 17тиот и 18тиот век добиваме далеку поквалитетна научна онсова. Со тоа се отвориле вратите осигурувањето да не биде кладење врз основа на чуството на осигурителните брокери. Сето тоа било заменето со предвидување врз основа на историски број на претходни настани.

Тоа овозможило осигурителниит бизнис да се развие во многу различни области и да покрие многу поголем број на ризици.

Пожарот во Лондон

Се чини историјата за потребата за реосигурување и развојот на оваа гранка е историја на катастрофалните пожари во Европа. 

Огромно значење за развојот на осигурувањето било масовното прифаќање на пожарно осигурување по големиот пожар во Лондон. Пожарот кој зафатил и уништил огромни делови во 1666 предизвикал граѓаните на Лондон да решат масовно да купуваат полиси.

Иако продажбата растела осигурителните компании кои што биле успешни во продажбата имале и проблеми. Теоријата на веројатност им кажувала дека немаат добра дисперзија на ризик. Полисите кои осигурителните компании ги имале во своето портфлио најчесто осигурувале имот кој бил географски блиску. Тоа значело дека со еден штетен настан – со еден пожар, ќе треба да обесштетуваат многу осигуреници. При вакви настани шансите за банкрот на компанијата станувале големи.

За да се направи географска дисперзија на ризикот т.е. да осигуруваат полиси во различни области осигуртиелните компании почнале да склучуваат договори за со-осигурување т.е. взаемно преземање на ризиците. Тоа значело дека одредена компанија која го продава ризикот одреден дел од премијата (цената на полисата) ја отстапува на друга. Втората компанија пак се обврзува да учестува со еднаков процент во штетата колку што земала од премијата.

Со тоа се отворила можноста и за појавата на специјализирани реосигурителни компании кои не би се занимавале со продажба на крајни корисници туку би се фокусирале само на опслужување на ризици од различни краишта.

Првата реосигурителна компанија

Огромен пожар го зафатил Хамбург во 1824. Последиците биле над 20,000 жители без покрив на главата. За да повторно се изградат овие делови од градот поминале повеќе од 40 години. Причината е што градскиот фонд кој што бил оранизиран во 1667 (една година по пожарот во Лондон) не бил доволен да ги покрие трошоците. Со тоа се увидела и главната слабост на градските фондови – географска блискост на ризиците.

Паралелно со овие настани Келнска осигурителна компанија имала долги преговори со своите француски колеги. Преговарале за да склопат договор за со-осигурување на 1/3 ризиците во Германија. По пропаѓањето на преговорите се родила иновативната идеја. Преостанат ризик (т.е. 1/3 од севкупниот) бил понуден на акционерите на компанијата. Акционерите прифатиле и така настанала првата компанија за реосигурување Cologne Reinsurance Company во 1842 година.

Во 1848 швајцарија усвојува нов федерален устав кој бил под влијание на американскиот устав и идеите на француската револуција.  Овој устав ги поставил основите и овозможил да се започне со формирање на осигурителна индустрија. Во 1857 Swiss Life била основана, а до 1863 веќе 6 компании започнале со работа.

Големиот пожар во Гларус во 1861 довел до основањето на Swiss Re во 1863 од страна на Helvetia General Insurance, Credit Suisse и Basler Handelsbank. Поради неутралност на Швајцарија странските компании биле заинтересеирани да работат со Swiss Re и веќе во првите години компанијата имала реосигурителни договори во 7 земји.

Иако постоеле реосигурителни компании во Германија поголемиот дел од реосигурителниот капитал се излевал од земјата. Тоа го предизвикало Карл Вон Теме во 1880 да создаде реосигурителна компанија на банки и индустријалци во Минхен.Така се родила Munich Re. Тие уште во старт биле извозно ориентирани и веќе во 1890 имале канцеларии во Њујорк и Лондон и проджани агенти во Москва и Париз.

Влијанието на војните во развојот на реосигурувањето

Во предвечерјето на Првата Светска Војна, реосигурителниот свет бил поделен на два табори. Земји кои што даваат реосигурителни услуги – Германија, Швајцарија, Автстро-Унгарија и Русија и останатите кои што во главно барале. Дури 67% од целокупниот реосигурителен бизнис тогаш отпаѓал на германските компании.

Кратко по започнувањето на војната Франција и Британија забраниле трговија со непријателските земји. Тоа драстично влијаело врз извозот на реосигурителни услуги на Германија. Германците за возврат забниле исплата во непријателските земји. Кога САД влегле во војната во 1917, во конгресот поминал Акт за трговија со непријателите. Во актот меѓу другите ставки стоела и забрана за купување на реосигурителни услуги.

Ваквата промена во бизнис климата во која наеднаш се створила голема потреба од реосигурителни услуги ја искористиле Швајцарија и Данска. Во Данска во текот на војната се отвориле над 100 компании, но повеќето од нив се затвориле кратко по воените дејствија.

Во САД тоа влијаело и врз отварање на 10 нови реосигурителни компании во првата декада од 10тиот век. Во 1923 е SwissRe ja основа North American Reassurance Company.

Swiss Re принципот на посебна компанија многу подоцна го има применето и при основањето на своја компанија која фокусирана на  Африканскиот пазар – Африка Ре.

Развојот на модерното реосигурување

Во помодерната историја големо значење за реосигурувањето е објавата на артиклот во 1980 кој што ги наализира разликите во смртноста кај пушачите и непушачите [Michael J. Cowell and Brian L. Hirst on “Mortality Differences between Smokers and Nonsmokers”].

Во истата година е издадена уште едно важно истражување во поставување на цената на осигурителни продукти кои што се обновуваат секоја година [Jeffery Dukes and Andrew M. MacDonald – “Pricing a Select and Ultimate Annual Renewable Term Product”].

Во почетокот на осумдесетите започнува своевидна револуција во животното осигурување што ја зголемува и побарувачката за овие производи.

Во текот на 90тите започна движењето за консолидација на пазарот и започнување на релоцирање на дел од компаниите во Бермуда и други офшор локации.

Во 2002 реосигурителниот сектор доживеа историски врв.

Во 2007 вкупното животно осигурувње било проценето на $6.3 трилиони (воглавно годишно обновувани договори) со $683 милијарди ново напишани полиси таа година. Пазарни лидери се Swiss Re, RGA Re, Scottish Re (САД), Transamerica Re и Munich American Re.

Заклучок

Осгурувањето и реосигурувањео помагаат во постоењето и развојот на модерното општество. Авионите и сателитите ги намалија ризиците кои што биле поврзани со патувањето со едрење во дамнешните времиња. Сепак не живееме во свет без ризици. Неодамнешното горење на Нотр Дам, или разорувачките урагани кои што на неколку години ги посетуваат карибските земји не потсетуваат дека осигурувањето е неопходност. А реосигурувањето претставува неизбежна алка во осигурувањето.

Новите трендови носат:

  • Bлокчеин решенија за осигурување и реосигурување.
  • Во ек е дигиталната трансформација на сите процеси во осигурителните компании.
  • Имплементацијата на Lean и Канбан методологии на работа.
  • Машинското учење кое допринесува за подобро ловење на лажните пријавени штети.
  • Поквалитетни системи за дигитална продажба.
  • Оптимизација на реосигурителните процеси со специјализирани софтверски решенија.
  • Иншуртех стартапите секоја година добиваат се повеќе средства од инвеститорите.
  • Се јавуваат нови финансиски инструменти – инвестициски фондови за катастрофално реосугурување.

За очекување е дека реосигувуањето заедно со осигурувањето ќе доживее значајни промени.