Reinsurance Weekly: Индикации дека Wizz Air е хакиран - проверете дали вашите податоци се сигурни

Reinsurance Weekly: Индикации дека Wizz Air е хакиран – проверете дали вашите податоци се сигурни

 Reinsurance Weekly пренесе дека пред неколку часа по социјалните мрежи почнаа да се шират вести за хакирањето на познатата унгарска компанија WizzAir. За каков вид на безбедносен пропуст се работи и кои податоци се опфатени сеуште не е уточнето. Се обидовме да стапиме во контакт да откриеме за колкава е штетата станува збор и сеуште чекаме одговор од WizzAir.

Што треба да направите по оваа вест?

  1. Проверете ја вашата електронска пошта, вклучително и сандачињата за Spam пораки дали имате примено email од Wizzair. На неколку македонски корисници им имаат стигнате email пораки за ресетирање на лозинки. Доколку имате ваква порака во поштенското сандаче веднаш одете до страницата на Wizzair и ресетирајте ја лозинката.
  2. Доколку немате ваква порака не е гаранција дека не сте засегнати, па можеби не е лошо сепак од претпазливост да проверите.

Reinsuranceweekly.com – Wizzair хакнат

Дали сајбер покритијата треба да станат наша секојдневница?

Ниту патничкото осигурување кое што го купуваме кога патуваме, а ниту пак авионското осигурување кое што го добиваме како парници на Wizzair немаат во себе покритија за сајбер ризици. Авио компаниите знаат многу доверливи податоци за вас како број на пасош, адреси и тн.

Живееме во дигитална ера и како што Њујорк безмалку колапсираше кога снема струја на неколку часа во 90тите така денеска е незамисливо да немаме интеренет. Скоро сите индустрии се засегнати од дигитализацијата. Со ова неминовно растат и сајбер заканите.

Додека одиме на одмор можеме да се закачиме на небезбедна wifi мрежа. Таквите се особено честа појава на аеродромите и каде што има многу туристи. Постојат случаи каде што се хакнуваат телефоните преку бесплатните полначи на аеродромите. Доколку не ги чувате во алуминиумска футрола безконтактните картички измамници можат да ви наплатат поминувајќи покрај вас. Можеме да резервираме на страница која што изгледа како airbnb а да е всушност нешто сосема друго. Постојат и лажни банкомати на кои што како турист кој што не знае како изгледаат нормалните во нова држава би можеле лесно да станете жртва.

Постојат многу ризици, на кои што од денес можеме да го придодадеме и провалувањето на податоците од вашата авио компанијата. Автомобилите со опција за самоуправување скоро беа исто така провалени и луѓе кои што беа надвор од колата можеа да преземат контрола. Сајбер заканите стануваат пополека број еден закани за човештвото поголеми и од природните катастрофи. Затоа треба да се размислува да за сајбер покритие во скоро секоја полиса.

Сајбер осигурувањето во Македонија

Во Македонија сеуште не постои овој тип на осигурување, но се почестите fishing напади и големите бројки на засегнати предизвикуваат да се запрашаме дали е време.

БоснаРе ја издаде првата полиса за сајбер осигурување во Босна во 2018та година. Македонија касни во овој сегмент. Од Агенцијата за Супервизија на Осигурувањето ни изјавија дека не постои законска пречка да почнат да се издаваат сајбер полисите.

Овие сајбер напади стануваат се почести. WizzAir не се единствените што ги снајде оваа судбина, неодамна сличен напад претрпеа и Slack а пред неколку часа Firefox најави нови безбедносни мерки. Се полесно им даваме согласност на компаниите да ги користат нашите податоци без да знаеме дали и колкава заштита ни нудат врз нив. Со брзиот напредок на технологијата а меѓувремено спориот развиток на сајбер безбедноста се поставува прашањето – дали чекориме кон иднина што не нуди никаква безбедност на нашите податоци?

Тамара Илиева