Тестовите на 5Г интернет-брзината ги уриваат ограничувањата - Bits of insurance

Тестовите на 5Г интернет-брзината ги уриваат ограничувањата

Според најавите на операторите, комуникациската 5Г-мрежа ќе овозможи масовно интернет-вмрежување и целосна трансформација на животот и работата на луѓето во „паметното“ дигитално општество.

Иако комерцијалната употреба на светско ниво би требало да отпочне во 2020 година, некои технолошки гиганти, како Т-Мобајл, Водафон и кинескиот и корејскиот Телеком, веќе ја тестираат 5Г-технологијата. За одреден број луѓе таа е веќе достапна.

Така, на Твитер се појави тест на брзината на 5Г на новиот „самсунг галакси С10“, а снимката стана хит на интернет. Брзината на пренос на податоци од 1.098 мегабајти во секунда, за многумина изгледа просто неверојатно.