Сумата што ја плаќате за животното осигурување зависи од вашиот следен Инстраграм пост - Bits of insurance

Сумата што ја плаќате за животното осигурување зависи од вашиот следен Инстраграм пост

„Не објавувајте фотографии на кои што пушите цигари. Објавувајте фотографии на кои трчате.“ Овие два предлога се појавуваат во неодамнешна статија на Wall Street Journal во врска со новите правила на Њујорк за тоа како осигурителните комапнии можат да користат јавни податоци кои би им помогнале во поставувањето на премии. Ваквите совети изгледаат опасно и укажуваат на иднина во која сме набљудувани до степен каде што твитањето за качување по карпи може да наштети на нашиот паричник.

Осигурителните компании се почесто користат таканаречени „нетрадиционални“ извори на јавни податоци, вклучувајќи ги и кредитните резултати, судските документи и евиденцијата за моторни возила – кои им помагаат во одлуките за осигурителното осигурување, но малкумина користат податоци од социјалните мрежи.

Компаниите за осигурување на живот сакаат да ги обноват своите методи со цел да го направат својот бизнис поефикасен. Потрошувачите стравуваат дека нивните информации од јавен караткер се злоупотребуваат на дискриминаторски начин. Индустријата не прави ништо за да ги ублажи тие стравувања, бидејќи животното осигурување секогаш се разликува меѓу луѓето, различни фактори предизвикуваат луѓето да плаќаат различни премии. Владините регулатори сакаат да ги балансираат интересите на потрошувачите и бизнисите, но тоа не е толку едноставно.

Кои алгоритми и податоци ги користат македонските компании за одредување на премиите за животното осигурување?  Дали сеуште пресметките не ни се доволно развиени? Дали сме во тек со светските осигурителни компании кои при пресметка на премија ги користат сите можни податоци, па дури и социјалните мрежи?

Развиеноста на животното осигурување во Македонија е разочарувачка. Која е причината за недоволниот развој на животното осигурување на нашиот пазар? Дали народот има доволно доверба во компаниите што нудат услуги за животно осигурување? Додека светските компании го набљудуваат секој чекор на своите потрошувачи, нашите компании користат основни карактеристики од типот на пол и возраст. Дали овие карактеристики се доволни за ефикасно воспоставување на премија? Начинот на кој светските осигурителни компании ги користат јавните податоци, за македонскиот пазар за сега изгледа како далечна иднина.

 

Тамара Илиева