Посебноста на Швајцарските банки - Bits of insurance

Посебноста на Швајцарските банки

Швајцарија. Асоцијација за планини, зеленило, чоколадо и секако, банки. Дали некогаш сте се запрашале зошто е тоа така и зошто швајцарските банки се посебни и различни од останатите банки во светот? Зошто Швајцарија е рајот на банките и целото финансиско работење веќе 7 векови наназад?

svajcarski

Одлична традиција

Кај многумина кои ги ставаат своите заработки во финансиски институции, традицијата е една од клучните работи. Таа говори за константноста и сигурноста во бизнисот со управување на туѓи средства. Уште во 13ти век еврејските и италијанските бизнисмени почнуваат со работа, а од 15ти век почнуваат да организираат саеми за банкарство. Исто така неутралноста на Швајцарија е онаа која влијае дополнително на довербата. Како податок мора да се забележи што последната војна која се случувала во Швајцарија е пред точно 503 години.

Тајните на банките

Дискрецијата е со закон загарантирана. Интересно е што обвинителството може да покрене истрага против банка доколку издаде податоци за свои клиенти. На овој начин се развива и продлабочува односот на банката со клиентот, кој е сигурен дека нема да се изнесат било какви податоци за неговата сметка. Во историјата имало случаи каде поради издавање на тајни, банкарските службеници биле казнети со огромни парични казни, што е доказ за тоа како се почитува дискрецијата на клиентот.

svajcarski2

За колку пари станува збор?

Во Швајцарија затајувањето на данок не е кривично дело туку е прекршочно. Поради оваа причина, се претпоставува дека во банките во Швајцарија се чуваат 2 трилиони (2000 милијарди) евра, што е повеќе од било која држава во светот!

svajcarski1

Дамка на Швајцарските банки

Поради статусот кој со векови наназад го имаат банките, тие биле рај и за нацистите да го чуваат златото кое го украле за време на втората светска војна од окупираните територии. Тоа за банките во Швајцарија не било никаков проблем. До пред дваесетина години се чувале тајни сметки на нацистите но и на евреи кои биле нивни жртви. Уништена е огромна документација која направи голем светски скандал, но сепак довербата и мислењето за Банките останува непроменето и Швајцарија и понатаму останува рај за банкарство.

Гане Ангелов