Ослепен рудар при работа три години бара оштета од осигурителна компанија - Bits of insurance

Ослепен рудар при работа три години бара оштета од осигурителна компанија

Пред околу четири години силната експлозија во рударската јама во „Злетово“ го остави во слепило Д.З. 

rudar

Иако неговата повреда никогаш не може да се исконпензира со пари, сепак тој и неговото семејство веќе три години се по судовите. Ова семејство си ги бара парите од осигурителната компанија, која треба вкупно да му исплати еден и пол милион денари. Досега на неговата сметка се исплатени само 20 {575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}. Поранешните газди на рудникот Злетово не ја исплатиле премијата до крај, но отако фирмата оди во стечај  од стечајната маса на осигурителната компанија се наплатени 570.000 денари. Компанијата ги добила парите на сметката на Златинов се уште не се пристигнати дополнителните средства.

Поранешниот рудар зема инвалидска пензија и додатоци за слепило, има малолетна ќерка, а пред две години неговиот син заминал во странство. Тој смета дека слепите лица се дискриминирани и тешко доаѓаат до своите права во нашата држава.