Бизнис кредитни картички како дополнително осигурување - Bits of insurance

Бизнис кредитни картички како дополнително осигурување

Претприемачите постојано се соочуваат со разну ризици за време на траењето на раководење со компаниите. Бизнис кредитните картички се витален дел од ограничување на ризикот со кој се соочуваме секојдневно. Многу бизнис кредитни картички бараат годишна членарина што можеби ќе ве разубеди да ги користите, но сепак инвестицијата се исплати. Повеќето претприемачи не ги разбираат до крај бенифитите кои можат да се добијат со поседување на бизнис кредитни картички. Во одредени случаи на нивно користење тие можат да послужат како Ваше лично дополнително осигурување.

karticki

Осигурувањето и кредитните картички

Најголема придобивка од користењето бизнис кредитни картички е типот на осигурување кое нивното користење го нуди. Тие можат да пружат осигурување на сите Ваши купувања, и да ја продолжат гаранцијата на предметите што сте ги купиле. Парите потрошени со бизнис кредитни картички се враќаат во случај на уништување на купените предмети или маани на купената роба. Осигурувањето од бизнис кредитните картички е Ваше „лично“ осигрување. Ова значи дека ваквото осигурување Ве следи каде и да одите.

Дополнително осигурување? Бизнис кредитни картички

Дополно патничко осигурување  од користење бизнис кредитни картички

Бизнис кредитната картичка може да ви понуди разни поволности за кои можеби не сте знаеле. Патничкото осигурување е само една поволност од имањето бизнис кредитните картички. Патничкиот кредит е една друга поволност. Платинестата картичка дозволува околу 200 долари годишно што можат да се искористат при купување во авион или за дополнителни торби. Дури и некој што ретко патува може да ја користи оваа поволност ако ја користи картичката за ова најмногу еднаш годишно. Рент-а-кар осигурувањето може да чини неколку илјадници денари. Истото е покриено преку бизнис кредитните картички, со што може да го избегнете овој трошок секогаш која изнајмувате автомобил. Понекогаш со овие кредитни картички може да вратите дел од сумата која сте ја платиле. Ова во случај ако мора да го откажете летот кој веќе сте го платиле, или хотелот кој сте го резервирале.

Други поволности и важни факти за бизнис кредитните картички

Најчестата е бесплатната помош на пат и автопат, како и влечна служба, достава на гориво или замена на дупнати гуми. АМСМ е најпозната по давањето на ваквите услуги. Со поседување на бизнис кредитните картички основната членарина во ваквите служби е бесплатна. Ова исто дејствува како дополнително осигурување на Вашите парични средства со кои располагате. Очигледно е доколку се загледате во ситните печатени букви на бизнис кредитната картичка таа вреди да се има во секој случај. Износот на годишната членарина секако ќе биде исплатен во текот на годината, а Вие добивате и осигурување од секојдневните ризици.

Гоце Илиевски