Кој би поверувал: Банкарскиот систем во Македонија ,,ниже” добивки, а во САД загуби!?! - Bits of insurance

Кој би поверувал: Банкарскиот систем во Македонија ,,ниже” добивки, а во САД загуби!?!

Според последните информации од македонската берза, најмноќните 4 македонски банки бележат сериозен раст на добивки веќе неколки години по ред. Тоа се должи на одличното работење на банките, пред се во наплатата на кредитите. Исто така и во воведеното електронско банкарство за физички лица и за дополнителните трошоци за in-face плаќање во банка.

Која банка од ТОП 4 потфрли на американскиот пазар

Ако во Македонија, банките ,,газат” на финансиски план, што се случува во САД. Односно што ни говори ситуацијата во најголемата светска економска сила САД. Според последниот извештај од американската берза, една од топ 4 банки во САД, Wells Fargo планира да го намали бројот на вработени до 10 проценти во следните три години. Тоа подразбира сериозен удар во банкарскиот систем во САД. Тоа значи дека банката која има 256 илјади луѓе, во наредните три години ќе отпушти безмалку 27 илјади луѓе.

JPMorgan Chase & Co. And Wells Fargo & Co. Bank Branches Ahead Of Earnings

Овој план го презентирал на раководството извршниот финансиски директор Timothy (Tim) J. Sloan ја објави одлуката на официјалните претставници.

Како дојде до ситуацијата оваа добро стоечка банка да потфрли на пазарот

Имено оваа банка имаше сериозни скандали во 2015 година. Најпрвин вработени во администрацијата на банката превземале акција на своја рака со отворање сметки за да достигнат продажба за бонус. А капак на се била продажбата на автомобилско осигурување на клиенти во банката, кои воопшто не знаеле дека имаат потреба од такво нешто. На крајот, поради наметнување на дополнителни давачки на имателите на хипотеки, кои повторно не биле информирани, банката беше казнета. Казната изнесуваше 1 милијарда долари, која беше изречена од два федерални регулатори во САД.

Извештајот од второто тромесечје ги покажа слабостите на банката

Откако раководството на банката вложи максимални напори да се вратат на старите успешни финансиски патеки, сепак второто тромесечје не ги даде очекуваните резултати. Месеците април, мај и јуни според финансиските аналитичари, кои ги пренесе ,,Ројтерс” говорат дека  промашувањето е сериозно. А тоа се однесува благодарение на активностите на администрацијата, која мора да се скрати. Откако финансискиот план говореше заработка од

1,12 долари паднал на 0,98 долари или пак вкупно во 5,19 милијарди долари.

Во наредниот период банката ја очекува сериозна работа. Во август отпушти 600 вработени и ќе треба да се помачи за повторно враќање на врвот во банкарскиот сектор.

Атанас Димовски