Кое животно осигурување е најдобро за вас? - Bits of insurance

Кое животно осигурување е најдобро за вас?

Големиот дел од нас не се доволно запознаени со различните видови на животно осигурување. Да можеби ќе си кажеме, животно осигурување, едноставно? Но сепак има мали делчиња кои може да го соединат најдоброто животно осигурување за вас.

zivotno

Иако не може да го најдете перфектното, сепак ќе го добиете она кое што најмногу одговара според вашите потреби и вашиот начин на живот. Бидејќи знаете, ништо не е совршено, ниту пак се одвива на начинот на кој сме замислиле. Така и нашиот живот, правиме една работа, изгегува друга. Живееме во свет каде што се е брзо, каде што имаме милиони обврски на ден и никогаш не знаеме што не очекува во наредната секунда. Затоа е најдобро да се запознаете со видовите на животно осигурување и вие сами да го направите вашето совршено.

Определено животно осигурување е она кое најчесто се обновува на една година. Значи по изминатата година од кога вие сте го добиле осигирувањето или ќе го обновите договорот, или ќе го прекинете. Оваа полиса може да ја користите до 95 години.

Животно осигурување за цел живот, оваа опција можеби е една од подобрите. Сепак доколку сакате да се обврзете за да имате животно осигирување цел живот треба и вие да исполнувате неколку услови и да знаете дека ќе може да го издржите тоа. Најчесто ова е една од подобрите опции, бидејќи многу луѓе го користат подоцна кога се пензионираат.

Осигурување од случајна смрт, најчесто го земаат оние кои не исполнуваат услови за останатите видови на осигурување. Иако ова ги покрива само трошоците доколку навистина имате случајна смрт. Што значи природни непогоди, самоубиства или болест не се сметаат за случајна смрт.

Универзално животно осигурување, е добра опција доколку ги следите растот и подемот на оваа гранка. Што значи некогаш може да добиете многу, а некогаш ништо.

Се разбира дека може да имате и други опции доколку сте зиантересирани за видовите на животно осигурување. Најдобро е да ги составите деловите од сложувалката за животно осигурување сами по вашите потреби и можности.

Марија Настова