AXA – завршено преземањето на XL групацијата - Bits of insurance

AXA – завршено преземањето на XL групацијата

AXA, најголемата компанија за имотно и осигурување од одговорност на 12ти Септември најави дека е завршено преземањето на XL групацијата. XL е водечки глобален имотен и комерцијален осигурител и реосигурител со силно присуство во Северна Америка, Европа и на Пацификот. Комплетирањето на трансакцијата го следи исполнувањето на условите, вклучувајќи согласност од акционерите на XL групацијата и сите регулаторни дозволи.

axa

XL групацијата чија специјалност е голема корпоративна платформа за имотно и осигурување од одговорност го надополнува портфолиото на AXA. Ова се однесува на комерцијалното осигурување, а реосигурителните капацитети и даваат пристап на AXA до диверзификација и алтернативен капитал. Комбинацијата на AXA и XL групацијата ја става оваа формација на првата позиција во глобалните имотни и осигурувања од одговорност.

„Комплетирањето на трансакцијата означува достигнување на значаен чекор во нашата амбиција за подобрување на балансот помеѓу технолошкиот и финансискиот пристап. Оваа трансакција ја забрзува нашата трансформација, дозволувајќи ни да понудиме напредни решенија и сервис за голем број клиенти. Ни дава можност за значајно долготрајно создавање на вредност за нашите акционери, со зголемена диверзификација на ризикот“. – изјави Tomas Buberl, CEO на AXA.

„Ова соопштение ја одбележува комбинацијата на добро завршената работа и визија. Нашиот фокус е на успехот, и заедно со AXA нашата понуда ќе биде навистина примамлива. Ја имаме вистинската географска одредница, експертски тимови, и култура која постојано се стреми кон иновации. И ќе продолжиме со иновации за да бидеме партнер кој ќе го изберат нашите клиенти денес и во иднина“. – изјави Greg Hendrick, генерален извршен директор на AXA XL групацијата.

Со завршувањето на ова преземање, акциите на XL престанаа да се тргуваат на Њујоршката берза и Бермудската берза. AXA исто планира да ги делистира сениор обврзниците на XL групацијата и на нивните правни наследници од Њујоршката берза. Следејќи го завршувањето на ова спојување и делистирањето на хартиитnе од вредност на XL групацијата, AXA најави нови чекори. Ова ќе го опфати суспендирањето на сите обврски кои XL групацијата ги има досега според Securities Exchange Act of 1934.

Гоце Илиевски