Семејството Ротшилд: Неофицијалниот ,,деспот на светот” - Bits of insurance

Семејството Ротшилд: Неофицијалниот ,,деспот на светот”

Семејството Ротшилд се загатка која не е решлива неколку векови односно од самиот почеток. Ова семејство беше едно од главните по проценето богатство во изминатите векови. Нивниот максимален скок, кој е официјално регистриран е во 19 век. Но, последните 40 години, семејството Ротшилд како да исчезна од листата на најбогати во светот. Тоа е нормално така поради ситуацијата зошто не сакаат за нивната фамилија да се зборува јавно.

Ротшилд

Во што е ,,финтата” со нивното бегање од  официјалната листа на најбогати. Тоа е едноставно зошто не сакаат нивните имиња да се наоѓаат покрај сомнителни ликови кои преку ноќ станале милијардери. Според неофицијални извори нивното богатство изнесува 350 билиони долари со што се најбогатата фамилија во цел свет. Меѓутоа како успеваат да го прикријат целото богатство. Според нив е многу едноставно. Со формирање на трустови и добротворни фондови, преку кои вршат влијание низ целиот свет. А кој го измислил трустот? Сигурно погодувате. Повторно е Ротшилд. Всушност нивното повлекување е со појавувањето на нивното одлично сценарио-трустот, кој преку оф-шор компании со доверливо управување, можеш да правиш што сакаш, колку сакаш и каде сакаш.

Интересно е што после Првата светска војна сфатиле дека се изгорени финансиски, а после Втората светска војна почнува нивно повлекување од јавноста.

Во моментов оваа фамилија поседува најмногу злато, а банките и државите секогаш се во трка за повеќе злато. Тие во трговијата влегуваат уште во 1919 година.Поради наглиот скок на златото во 2000-тите, тие излегуваат официјално надвор од тој бизнис. Причината е поради притисокот од јавноста за формирање на цената на златото, во која наводно тие го имале главниот збор. Но, сепак неофицијално повторно се главни играчи во играта со злато. Цифрата која ја поседуваат никој не ја знае, но, неофицијално поседуваат 2/3 од целото злато во светот. Поради сериозноста на нивната финансиска моќ, Амшел Ротшилд, основачот на фамилијата донел одлука со која решил членовите на семејството да се мажат и женат меѓу себе. Причината била поради финансиите кои морале да останат внатре во фамилијата.

Ротшилд, покрај Рокфелер, заедно поседуваат мнозински акции во големите американски банки, а со тоа имаат главен збор во Федералните Резерви на САД. А оваа финансиска институција е одговорна за штампање долари низ САД и целиот свет.

Според одредени аналитичари кои го анализираат дејствувањето на оваа фамилија, всушност тие се оние кои одлучуваат каде ќе има војна. Оваа фамилија застанала позади сите војни изминативе 200 години, а некои тврдат и под иницијатива на Ротшилд започнале војните во Азија и Африка изминативе децении.

Сепак, најголемата тајна која оваа фамилија ја чува е како успеала најголемата измама, која Ротшилд ја подметнал на моќните финансиски стопанственици и успеал да им го земе на ,,легален” начин богатството. Откако завршила епската битка кај Ватерло, Нејтан Ротшилд почнал да пушта ,,муабети” дека не е ништо страшно. Тој говорел дека целиот бизнис ќе си продолжи по старо. ТОј ги продал обврзниците, но потоа нагло паднале и моќните стопанственици банкротирале. Ротшилд по ниска цена ги откупил и тогаш станал многу моќен.

За подетални информации како успеваат да го наметна своето влијание и моќ погледнете на следново видео:

Атанас Димовски