Колку знаат компаниите за вас? - Bits of insurance

Колку знаат компаниите за вас?

Компаниите најчесто знаат и повеќе отколку што вие мислите, но дали го злоупотребуваат тоа? Одговорот е најчесто НЕ. Ветуваат дека сите ваши лични податоци се заштитени.

insurance-1

Еден Американски заболекар, кој исто така се занимава и со осигирување на своите клиенти им дава четка за заби која што е поврзана со апликација и на тој начин тој добива податоци за нив. Чудно нели? Никогаш не би се осмелиле да дозволиме на некој на овој начин да добива податоци за нас. Но тој смета дека на тој начин полесно ќе знае што се случува со неговите пациенти/клиенти и побрзо ќе го реши нивниот проблем.

Следење од страна на осигурителни компании може да сретнете и при осигирување на вашиот автомобил.

Многу често доколку има нов коринсик на осигурителна полиса за автомобилот, некои од компаниите вградуваат и црна кутија во вашиот автомобил. Најчесто е тоа за да можат побрзо да проценат, доколку ви се случи некоја несреќа.

И кога добивате животно осигурување се извлекуваат повеќе податоци од вас. Зошто?

Бидејќи доколку имате некој порок, тогаш на некој начин имате поголеми шанси да ви се случи неешто. Иако и доколку немате порок, не сте на сигурно никогаш.

Некогаш се случува они со пороци да платат за нијанса повеќе.

Но, исто така и они кои не ја одржуваат добро својата дентална хигиена.

Иако денес пред да се вработите треба да одите на систематски преглед, каде што ви укажуваат дали сте скроз здрави и може да ја работите работата за која сте аплицирале.

Како и да е, нормално е осигурителните компании да ги собираат податоците за вас. Треба да знаат што осигируваат, треба да го знаат ризикот од тоа. Бидејќи најчесто тие се оние кои го имаат најголемиот ризик при потпишување на договорите.

Но прашањето е колку е спремен просечниот човек да ги сподели своите информации со осигрителна компанија без да има сомнежи?

Марија Настова