АНАЛИЗА: КАДЕ ДА ИНВЕСТИРАТЕ ПРЕД ВЛЕЗОТ ВО ЕУ И НАТО - Bits of insurance

АНАЛИЗА: КАДЕ ДА ИНВЕСТИРАТЕ ПРЕД ВЛЕЗОТ ВО ЕУ И НАТО

Влезот во НАТО е најпосакуваната опција на македонските граѓани во зачувувањето и изградбата на сопствената државност. Со влезот во НАТО, Македонија со сигурност чекори кон портите на ЕУ. Република Македонија како пазарна економија, има отворен пат да стане функционална, и да му се придружи на семејството европски народи. Нормално, само ако Референдумот на 30 септемри помине.

Time to Invest

Како главен проблем претставува растот на економијата. Но, сепак со влезот во НАТО и ЕУ Македонија ќе се поврзе со тековите во европската и светската економија. Со влезот во овие две семејства, државата полека, но сигурно ќе го достигне посакуваниот раст од 6-7{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}. Влезот ќе значи и повеќекратен бенефит. Екстремно голем пазар, полесен пристап до финансии, бесцарински зони и слободен проток на стоки. Граѓаните ќе имаат можност да патуваат како рамноправен член на на ЕУ и НАТО. Односно нема да бидат потценувани како граѓани на земјите од трета категорија.

Што ќе добијат македонските граѓани со влезот во ЕУ и НАТО

Македонските граѓани ќе добијат услуги на нивото на стандардот кој го имаат граѓаните во развиените земји. Учениците ќе добијат подобро и поквалитетно образование, македонската младина ќе добие и ќе има можност да конкурира за повеќе работни места. Вработените ќе имаат  повисоки приходи, а пензионерите ќе добијат подобри социјални и здравствени услуги со повисоки пензии. Преку инвестициони зафати ќе се подобри инфраструктурата и технологијата. Во однос на земјоделството, лозарството и овоштарството доматите, пиперот, краставицата, зелката, јаболкото, грозјето, праската и компирот ќе добијат отворен пазар. Со тие производите, нашата држава веднаш ќе се пробие на европскиот пазар со преку 500 милиони луѓе. Односно со неколку зборови граѓаните ќе добија повисок стандард во сите области.

Бугарија покажа дека со влезот во ЕУ, инвестициите скокнаа неколку пати, а со тоа се подобри и стандардот на граѓаните во оваа држава.

Инвестиции во недвижнини

Покрај растот на стандардот, со влезот во ЕУ и НАТО, ќе скокне и цената на м2 површина. Односно според искуствата кај нашите соседи, ако просечната цена на м2 изнесувала 700 евра, со влезот ќе скокне најмалку за половина. Со тенденција таа цена да расте за дури да може во иднина да достигне и дупло поголема цена. Токму овие нагорни движења на станбениот квадрат е потенцијален влог за македонскиот граѓанин. Сега во овие моменти, секој што е со поголема заштеда треба да биден свесен за да направи вистински чекор. Тоа значи вложените средства ќе може за неколку години да ги поврати дупло.

Инвестиции во хартии од вредност

Но, не е само добитна вложувањето во станбена инвестиција. На пазарот од хартии на вредност, доволно има потенцијални компании, кои иако остваруваат одлична заработка, сепак цената и е потценета. Затоа македонските граѓани повеќе нека се заинтересираат на македонската берза за да ги истражат кои компании се под реалната цена. Според нашата редакција и резултатите кои ги прегледавме, има компании кои имаат потенцијал за раст. Такви компании се УНИ Банка, Стопанска Банка АД Битола, Сосиете Женерал-Охридска Банка А.Д., Комерцијална Банка АД Скопје, ТТК Банка и многу други. Затоа народе, не спијте, одврзете го вашето ќесе и почнете да инвестирате. Зошто за кратко време доаѓа денот кога Македонија ќе влезе во семејството на ЕУ и НАТО, а тогаш ќе биде касно веќе.

Атанас Димовски