Заштита на личните податоци во осигурувањето - Bits of insurance

Заштита на личните податоци во осигурувањето

Осигурителната компанија која што сте ја избрале треба да ги обработи Вашите податоци од различни причини. Тоа може да биде пресметување на премии, нудење на производи според Вашите потреби, и надомест на Вашите оштетни барања. Новата европска регулатива за заштита на податоци GDPR, воведе нови барања и правила за компаниите што обработуваат лични податоци. Во нив се вклучени и тие во осигурувањето. Следниве се Вашите најважни права:

Право да бидете информирани

Пред обработка на Вашите лични податоци осигурителната компанија мора да ги направи достапни одредени информации. Тие се однесуваат на тоа кој ги обработува Вашите лични податоци и која е целта на нивната обработка.

Право на пристап

Имате право да знаете дали Вашиот осигурител ги обработува Вашите лични податоци. Доколку е тоа случај, треба да добиете копија од нив. Исто може да прашате за причината или дали Вашите податоци ќе бидат испратени во земји надвор од ЕУ.

Право на исправка

Може да побарате од Вашиот осигурител исправка на податоците доколку тие не се точни.

Право да бидете заборавени

Имате право да побарате од Вашиот осигурител да ги избрише податоците во одредени случаи. Пример за ова е кога повеќе не се потребни за целта поради која се земени. Секако ова право не е апсолутно. На пример, осигурителот може да ги задржи Вашите податоци со цел да исполни некоја правна обврска.

Право на преносливост на податоците

Во одредени услови кога Вашиот осигурител ги обработува Вашите податоци врз основа на согласност може да побарате префрлање на податоците. Ова може да биде направено до вас или до друга компанија во вообичаениот формат за тоа.

https://bitsofinsurance.bitnamiapp.com/2018/09/21/dali-isporacuvate-it-uslugi-i-resenija-koi-se-gdpr-compliance/

 

Право на приговор

Може да имате право да приговорите на обработката на Вашите податоци од страна на Вашиот осигурител. Ова право секако не е апсолутно, и осигурителот има право да продолжи со обработката на податоците. Можно е да има интерес кој е легитимен и врз основа на тоа има овластување за вакво нешто. Ако Вашите податоци се обработени за маркетинг цели имате право да приговорите на ова во било кое време.

Право да побарате човечка асистенција

Ако Вашиот осигурител донесе одлука за автоматско процесирање на Вашите податоци, имате право да побарате човечка интервенција. На пример, ако Вашиот осигурител ја пресметува премијата само преку компјутерски алгоритам. Доколку не сте задоволни со резултатот, може да побарате ревизија на оваа одлука од страна на личност стручна за тоа.

Гоце Илиевски