Катастрофи – 36 милијарди долари економски загуби - Bits of insurance

Катастрофи – 36 милијарди долари економски загуби

Глобалните економски загуби од катастрофи – природните и предизвиканите од човечки фактор, во првата половина на 2018 изнесуваат 36 милијарди долари. Според извештајот на Swiss RE Institute, десетгодишниот просек е 125 милијарди долари, од кои 20 милијарди биле покриени со осигурување. Серија на зимски бури во Европа и САД предизвикале најмногу штети во првата половина на 2018.

Во првите шест месеци од 2018 околу 3900 луѓе исчезнале или го изгубиле животот за време на елементарни непогоди. За истиот период во 2017 оваа бројка изнесувала 4600. Од 36 милијарди долари загуби на глобално ниво, природните катастрофи се виновни за поголемиот дел. Истите изнесуваат 34 милијарди за првата половина од 2018, за разлика од 58 милијарди во првата половина на 2017. Преостанатите 2 милијарди долари отпаѓаат на катастрофи предизвикани од човечки фактор.

Зимското невреме во Европа и САД предизвикаа загуби во првата половина на 2018

katastrofi

Глобално осигурените загуби од природни катастрофи паднале на 18 милијарди долари од 25 милијарди претходната година. Оние предизвикани од човечки фактор се зголемиле за 2 милијарди од 5 милијарди долари во првата половина на 2017. Приближно 56{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} од сите глобални економски загуби биле осигурани од катастрофални појави во области од висок ризик. Зимската бура Friederike во Европа е најштетен настан во првата половина на 2018. Бурата предизвикала значајни загуби во Германија и Холандија, а Франција, Белгија и Обединетото Кралство исто биле погодени. Проценети се вкупни економски загуби на 2,7 милијарди долари. Приближно 2,1 милијарда од овие загуби биле осигурани. Повеќе зимски бури во САД  вклучувајќи го мартовскиот Нортистер циклон предизвикаа вкупна економска загуба од 4 милијарди долари. Од нив 2,9 милијарди се во осигурани загуби. Нортистерот во Март предизвика најголема загуба во осигурителната индустрија во САД за првите шест месеци од 2018. Наплатените оштети се проценети на 1,6 милијарди долари.

Други настани во првата половина на 2018

Серија на бури, вклучувајќи и грмежи, торнада и наноси на град ги погодија САД, Европа и другите делови од светот. Појавата што ја чинеше најмногу осигурителната индустрија е четиридневна пролетна бура што ги зафати северно-источните делови на САД. Торнадата и големиот град резултираа во комбинирана осигурана загуба од над 1,1 милијарда долари. Вулкански ерупции во Хаваи и Гватемала, и земјотреси во Јапонија и Тајван предизвикаа штета што сѐуште не е целосно проценета.

sushi

Веќе во првата половина на 2018 неколку делови од светот беа под удар на топлотни бранови и суви временски услови. Ова предизвика пожари во Калифорнија и Грција, и распространета суша низ Европа и јужна Австраија. Многубројни региони се изложени на температури над нормалата и суви временски услови. Јужна Австралија втората најсушна пролет во историјата според Австралиското биро за метерологија. Загубите од сушите и пожарите во земјоделскиот сектор останува допрва да се проценат.

Гоце Илиевски