Осигурување за заштита од временски непогоди - Bits of insurance

Осигурување за заштита од временски непогоди

Последните денови една од најголемите временски непогоди за кои што знае цел свет е Ураганот Флоренс . Катастрофата која што ќе настане откако ќе се смири ураганот ќе биде прилично голема. Веќе се калкулира дека проценетата штета која е направена е 2.5 билиони американски долари.nepogoda

Можеби сметате сега дека во Македонија и нема толку значајни и катастрофални природни непогоди. Но не! Сетете се на поплавите кои што ги имаше пред само две години, дали сметате дека можеме да очекуваме и знаеме која природна непогода може да се случи? Иако Источниот брег во САД е најчесто погоден од урагани, сепак и останатите делови од светот посебно оние кои се на отворено имаат огромни штети.

Само по 24 часа, ураганот веќе има поголемо ниво на поплави од она што се очекува.

Неколку факти зошто овој ураган е еден од пострашните:

Ова се смета дека а маратонски ураган, односно се случува се наеднаш. Но дури и да се стиши повторно за брз период може да настане непогода.

Ветерот кој што дува е на надпросечно ниво, од било кој ураган кој што досега се случил на источниот брег.

Иако има големи згради и блокови, при ветришта со голема брзина поголемите се шансите да има поголем дел на човечки жртви.

Зошто осигурување за заштита од природни непогоди?

Бидејќи ова осигурување ве заштитува од онаа непогода од која вие сакате и сметате дека има шанси да ја доживеете. Иако во нашата околина најголеми се сепак шансите за поплави или пожари.

Доколку пак живеете во средина, надвор од Македонија каде што големи се шансите да ве погоди некој ураган, тогаш најдобро е да превземете мерки и да го добиете ова осигурување. Во договор со осигурителните компании можете да видите кое од она што го нудат е најдобро за вас. Се разбира дека тие нудат 2 типа на осигирување за урагани или големи временски непогоди. Првото е за бизнис и претпријатија, а се разбира второто е за секој оној кој сака да го осигура својот приватен имот.

Марија Настова