Што знаете за ефтините осигурителни полиси - Bits of insurance

Што знаете за ефтините осигурителни полиси

Кога станува збор за одбирање на посакуваното осигурување, изборот може да биде тежок. Може да одберете скапа осигурителна полиса или да им дадете предност на подостапните ефтини осигурителни полиси. Не би сакале да брзате со одлуката, затоа што во поглед на покриеноста најчесто добивате тоа за што сте платиле. Некогаш ефтините автомобилски, здравствени или имотни полиси не нудат многу во случај кога ќе побарате исплата на осигурувњето.

Фактори на кои треба да внимавате:

   1. Разберете што е покриено со осигурувањето

Ако сакате да заштедите на Вашето осигурување најверојатно е дека ќе плаќате пониски месечни премии. Но ова исто значи дека осигурувањето можеби не целосно ја покрива целата сума на настанатата штета. Без разлика дали се работи за домаќинско или здравствено осигурување, бидете подготвени да потрошите од заштедата пред да бидете исплатени. Ако не го користите осигурувањето многу, ова би можело повеќе да Ви одговара. Меѓутоа, ако сте почесто болни или имате оштетување на Вашата сопственост, ќе бидете изложени на финансиски предизвици. Како опција за ова осигурителните компании нудат полиси со франшиза. Добро би било да знаете однапред дека франшиза означува износ кој сами ќе го одвоите за намирување на настанатата штета. Ако сте човек кој ризикува и може тоа да си го дозволи, одете со полиса која ќе Ве чини помалку. Треба да бидете да платите од свој џеб доколку исплатата од осигурувањето не ја покрива целата штета.

   2. Изберете позната осигурителна компанија

Не брзајте да потпишете полиса со компанија која не е позната по етичко однесување со своите клиенти. Ако треба да поднесете барање за исплата, ви треба осигурител кој работи според законот и чии агенти се угледни луѓе. Некои осигурителни компании заработуваат преку одбивање на барањата за наплата на штетата, или ги одолговлекуваат. Вакво нешто не му одговара на никој кој се решил да се осигура себеси или дел од својот имот. Некои пак воопшто не се заинтересирани да соработуваат кога ќе дојде моментот да го обработат Вашето оштетно барање. Ова може да Ве доведе до дополнителни трошоци, административни или судски.

   3. Најдете професионалец кој ќе Ве води во целиот процес

Работењето со осигурителен агент е паметен чекор, но е исто и многу важно кога барате полиса со пониски премии. Треба да знаете исто кои компании најчесто ги одбиваат оштетните побарувања или ги одолжуваат исплатите на надоместокот на штета. Наместо да го послушате советот на некоја реклама, подобро е да купите полиса преку осигурителен  брокер или независен агент. Агентот или брокерот нема да ви наплатат провизија, а сепак добивате стручни насоки какво осигурување Ви е потребно и кои се покритијата. Работењето со професионалец на кој може да му се верува ќе Ви донесе квалитетно осигурување по разумна цена. Најдете брокер кој ќе одвои повеќе од пет минути за да ја разбере Вашата финансиска ситуација. Брокерот соработува со трети лица чија услуга не ја плаќате, и користењето на таквиот експертски совет само ќе Ви користи. При одбирање на поефтина осигурителна полиса сами или онлајн сте изложени на ризик да купите осигување кое не ви треба.

Гоце Илиевски