280 билиони во осигурителната индустрија до 2020 - Bits of insurance

280 билиони во осигурителната индустрија до 2020

280 билиони се вртат во осигурителната индустрија? Да, дури и повеќе. Оваа сума би се достигнала во 2020 година само на ниво на Индија.

industrija

Раководејќи се според она што го имаат проучено со следењето на развивањето на индустријата, сметаат дека 280 билиони ќе се достигнат во 2019/2020 година. Пред се бидејќи стапката во 2011 година била 2.71{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}, а во 2017 веќе стигнала до 3.7{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}.

Во 2011 порастот бил за 49 билиони американски долари, во 2017/2018 веќе бил 72 билиони.

Како до зголемување на бројките?

Целокупниот голем развиток кој што го има во осигурувањето во Индија е благодарение на тоа што и владата на државата има замешано прсти. Сметаат дека осигирувањето е нешто кое секој треба да го поседува. Затоа со регулаторите успеале да направат притисок со кој што ќе се добие нешто позитивно.

Сепак покрај “притисокот” кој бил извршен, тука има и неколку други фактори кои влијаат на тоа осигирувањето да се развива повеќе и повеќе. Се зголемил бројот на средната класа. Додека на повеќето места веќе луѓето се поделени на оние што имаат и немаат, тука повторно се издигнува средната класа. Се отвораат повеќе можности за младите, а исто така и има достапна едукација и информираност за тоа зошто треба да бидеме осигурани.

Покрај влијанието од внатрешноста на државата, со оглед на тоа дека Индија држи голем дел од светската популација, влијание имаат и надворешните фактори. Сите оние странски инвестиции кои ги добиваат, секогаш следуваат со осигурување.

Исто така, без разлика колку се големи инвестициите од надворешноста и оние фирми кои што се во приватниот сектор имаат голем придонес. Држат 49{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} од маркетот, а дури 29{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} од склучените договори за животно осигурување.

Додека со сигурност се стремат да ја достигнат бројката од 280 билиони, во Индија се смета дека во наредните 5 години односно до 2023 се тоа ќе се зголемува повеќе и повеќе, бидејќи населението е повеќе заинтересирано за осигурувањето.

Марија Настова

 

[ivory-search id=”2652″ title=”Default Search Form”]