Улогата на маркетингот во осигурителниот сектор - Bits of insurance

Улогата на маркетингот во осигурителниот сектор

Маркетингот има витална улога во осигурителната индустрија. Дали станува збор за зголемување на продажбата и задржување на позицијата на пазарот за поголемите компании или развивање на бизнисот за помалите компании, овој сегмент е клучен во функционирањето на осигурителните компании.

marketingot

Маркетингот e сложена алатка – дали станува збор за национални телевизиски кампањи, па се до “партизански методи” на рекламирање како флаери и бизнис картички на некој агент за осигурување.  Без оглед на големината, маркетинг стратегиите и тактиките се адаптирани од сите релевантни актери во овој сектор.

Влијанието на маркетингот доаѓа до израз во следниве деловни сегменти :

CRM бази на податоци

Осигурителните компании развиваат бази на податоци на тековните клиенти кои ги идентификуваат според видот на полисата за осигурување, име, адреса, возраст и други информации. Компаниите ги користат овие податоци (познати како CRM), за да стекнат разбирање за нивните политики во продажба и да ги идентификуваат можностите за раст на продажбата. Овие датабази се дистрибуираат до вработените во секторите продажба и маркетинг, со цел да се оптимизираат нивните резултати.

Компетитивна анализа

Компаниите постојано ги оценуваат односно анализираат стратегиите и резултатите на конкурентите. Овие анализи се спроведуваат со цел да се идентификува што прават останатите компании во однос на цените, понудите за производи, целните потрошувачи, рекламите и позиционирањето на брендот. Резултатите од компетитивната анализа се користат за да се идентификуваат предностите и недостатоците на самата компанија и нејзините конкуренти, со цел да се обезбеди раст на компанијата.

Развој на нов производ или услуга

Маркетингот како алатка се користи за да се идентификуваат можностите за развој на нови производи или услуги. На пример, осигурителна компанија која обезбедува осигурување на недвижнини, ќе изврши истражување на пазар каде што купо-продажбата на станови е во пораст. Собраните информации ќе се користат за да се олесни рекламирањето и промоцијата на осигурителните компании кај сопствениците (односно купувачите) на имот, агенциите за недвижности и тн.

Кризен менаџмент

Несреќите односно непогодите предизвикани од човек или природа имаат непосредно и директно влијание врз осигурителните компании, нивната работа и нивните маркетинг напори. Доколку се случи ураган на одредена локација, осигурителните компании мораат да бидат во “првите борбени редови” при процената на штета, со намера да се грижат за интересите и побарувањата на своите клиенти. Вака осигурителните компании ќе спречат секаков негативен публицитет кој би можел да настане подоцна.

Милан Ристовски