Зошто да го осигурате Вашиот живот - Bits of insurance

Зошто да го осигурате Вашиот живот

Зошто купуваме животно осигурување? Секој што купува животно осигурување тоа го прави поради најчесто една причина, финансискиот ризик од можното губење на животот. Ова е поврзано со обезбедување на дополнителни средства за живот на Вашите најблики доколку настапи некој од осигураните случаи. Вообичаено потребата да се осигурате се појавува во периодот од животот кога сте работоспособни. Истата се намалува во подоцнежните години, најчесто некое време пред да се пензионирате.

zivot

Ороченото животно осигурување е најефтина варијанта бидејќи осигурителните компании знаат колку осигуреници ќе го надживеат рокот на доспеаност на полисата. Тоа може да биде склучено на 10, 20 или 30 години. Ороченото животно осигурување не чини многу, што значи и провизиите на осигурителните агенти не се високи. Тие поради тоа се трудат да продадат што повеќе вакви договори и ќе направат сѐ да Ве убедат да прифатите да купите. Ова е причина повеќе да се одлучите за едно поопфатно трајно животно осигурување.

Како функционира животното осигурување

Кај животното осигурување постои природна премија и таа се пресметува секоја наредна година. Наредната година лицето има една година повеќе и ризикот од смрт е поголем. Со склучување на новиот договор за осигурување се пресметува и нова премија за осигурување. Природната премија одговара на реалната премија што ќе ја плати осигуреникот во зависност од возраста. Оваа премија е определена од актуарите. Средствата од уплатите одат во фонд кој служи за надомест на смртни случаи во наредните години. Овој фонд претставува математичка резерва што содржи ризико-премија и штедна премија. Штедната премија се издвојува како дел од наплатената премија секоја година. Овој дел осигурителните компании го користат за покривање на обврските во иднина. На овој начин тие не го поднесуваат вкупниот ризик, туку само разликата меѓу сумата на осигурување и штедната премија.

Што претставува трајното животно осигурување

Тука во преден план секако е цената на осигурувањето. Ова е нешто како премијата која се плаќа кај орочените животни осигурувања. Кога сте млади цената е ниска, но како што стареете цената на животното осигурување расте. Дури и кога полисата е однапред платена и не должите премии, чинењето на осигурувањето е неспоредливо со тоа на полисата. Кога сте соочени со губење на работа, трошоци за лекување или студирање, тогаш поретко ги плаќате премиите за животното осигурување. Ова е од значење ако годишната дивиденда падне под цената на осигурувањето, и е причина зошто ваквите полиси пропаѓаат. Животното осигурување е еден од најскапите начини за инвестирање. Краткорочните животни осигурувања исплаќаат ниски дивиденди, а во цената содржат административни и други трошоци.

Постојат неколку причини зошто да купите трајно животно осигурување

  1. Имате поголем имот чиј данок е прилично висок, и сакате на Вашите наследници да им оставите помала обврска за данок.
  2. Вашето семејство зависи од Вас и нив им требаат повеќе средства од тоа што ќе им оставите за да преживеат.
  3. Барате начин да им оставите средства на Вашите наследници кој нема да се оданочуваат.
  4. Вашите партнери по Вашата смрт можеби сакаат да учествуваат во откупување на Вашиот удел во приватниот бизнис.

Гоце Илиевски