Tesla 3 и Porsche 911 имаат иста премија за осигурување - Bits of insurance

Tesla 3 и Porsche 911 имаат иста премија за осигурување

По преставувањето на најповолниот модел на Тесла досега, Моделот 3, кој е со пониска цена од неговите претходници, не беше поштеден од критики, бидејќи се покажа дека е исклучително скапо неговото осигурување. Сопствениците на овој електичен автомобил во САД мора да издвојат $2.814 годишно за осигурување во просек, што воглавно е сличен износ што мора да се плати за осигурување на Порше 911.

tesla3Porsche 911

 

Од Тесла за брзо следуваше одговор, имено тие започнуваат сопствена осигурителна линија-Insure My Tesla. Цената на осигурителната полиса се намали, но не драстично. Причината за малото намалување на полисата се скапите делови на автомобилот и не едноставните барања за поправка на лимаријата.

Сопственикот на Тесла – Илон Маск, изјави дека е свесен за проблемот кој го имаат и ќе се обиде да изнајде решение.