Македонија и Грција: Меѓудецениски спор на двајца ,,комшии” - Bits of insurance

Македонија и Грција: Меѓудецениски спор на двајца ,,комшии”

Македонија и Грција во спор влегоа уште од почетокот на конституирање на независноста на Македонија на 8 септември 1991 година. Македонија во тој период поминуваше низ тежок период, откако војната по распадот на поранешна Југославија и тропаше на вратите. Тогаш благодарение на меѓународната заедница и Претседателот Киро Глигоров, не дозволија конфликтот да се прелее на нашата територија.

Границите на територијата на Македонија конституирани на АСНОМ

Конституирањето на денешните граници на Македонија се од  1946 година. Тогаш на АСНОМ, тогашната Народна Република Македонија носи одлука и  станува дел од Федеративна Народна Република Југославија.

По распадот на СФРЈ и Македонија прогласи независна и суверена држава во 1991 година. Потоа, поднесува барање за признавање под уставното име во Обединетите Нации, врз основа на извештајот на Бадентеровата комисија.

Апликацијата на Македонија за членство во Обединетите Нации под своето уставно име се случува на 30 јули 1992 година. Но, оддеднаш самата апликација откако пристигна во ОН предизвика сериозни реакции од страна на Грција. Нашиот јужен сосед ги употреби сите дипломатски средства за да го спречи влезот на нашата држава под уставното име. Грците реагираа по неколку основи и тоа Уставот на државата, знамето и името.

По големите притисоци кои ги изврши Грција, на крајот, државата беше примена под  привременото име. Тоа име беше „Поранешна Југословенска Република Македонија“ или на англиски ” the former Yugoslav Republic of Macedonia”. Одредени членки на ОН, кои го признаа уставното име на државата, се уште го користат уставното име на државата – Македонија. Кај одредени меѓународни фактори, Грција успеа да изврши дополнителен притисок. Тие држави се обраќаат кон нашата држава со привременото решение во ОН.

Најдено привремено решение со Резолуцијата 817 на Советот за безбедност

Во 1992 година ММФ, Светската банка и меѓународната конференција за поранешна Југославија, се согласија да ја примат Македонија под уставното име. На 7 април 1993, Советот за безбедност го одобри влезот на Македонија со Резолуцијата 817.

Резолуцијата е децидна и во неа пишува следно:

-“The former Yugoslav Republic of Macedonia” е привремена референца и ќе се користи во меѓународна употреба се додека двете страни не го решат проблемот.

– Терминот е референца а не име, како неутрална гледна точка во спорот. Обединетите нации немаат мандат да го утврдат името на земјата.

– Терминот е за користење само во Oбединетите Нации и не е обврзувачка за било кои други организации

– Терминот не имплицира дека Република Македонија има било какви врски со Поранешна Југославија.

Друг притисок кој го направи Грција, беше во официјалниот адресар на држави на ОН. Тогаш Македонија се најде под буквата ,,Т”, а не под буквата ,,М”.  Всушност тоа и се очекуваше. Зошто Грција успеа да ги убеди зошто тоа е првата буква на референцата “Тhe former Yugoslav Republic of Macedonia”.Rezolucija 817

Референдум за одобрување на новото име на државата

Во моментов двете држави преговараа и изнајдоа решение за името ,,Република Северна Македонија” или на англиски “Republic of North Macedonia”, со што во периодот кој следува, на 30 септември, ќе се одржи Референдум во Македонија со цел за одобрување на договорот кој беше потпишан меѓу Македонија и Грција за решавање на проблемот со името на нашата држава.

Атанас Димовски