Четири полиси за вашиот бутик - Bits of insurance

Четири полиси за вашиот бутик

Неочекуваните трошоци можат да доведат до финансиски тешкотии за малите бизниси, во одредени случаеви дури и да доведат до банкрот на бутикот кој е во ваша сопственост.
Осигурувањето може да претставува значителен трошок за сите форми на бизнис, посебно за бутиците и продавниците за текстил. Но, од друга страна може да се покаже како клучно при ризичен настан кој може да го банкротира бизнисот.

butik

Секој бизнис, па така и оние чија дејност е продажба на текстил и текстилни производи се соочува со различни ризици.

Во оваа статија посебно ќе се насочиме кон видовите осигурителни полиси кои се потребни за вашиот бизнис со трговија на облека и текстил.

 1. Осигурување од општа одговорност

Како и повеќето мали бизниси, бутиците за облека се изложени на потенцијална правна одговорност која може да произлезе од различни околности. Ако некој клиент падне во бутикот, на пример, тој може да ја тужи продавницата за небрежност. Со осигурувањето од општа одговорност, вие и вашиот бизнис со текстил можете да ги покриете овие трошоци.

2. Осигурување на имот

Осигурувањето на комерцијален имот може да ве заштити од оштетување на имотот на компанијата, вклучувајќи ги недвижностите и инвентарот. Оваа полиса заштитува од пожар или поплава кои можат целосно да ја уништи облеката и да ја доведе во прашање вашиот бизнис.

3. Осигурување од прекин на работа

Поради сезонскиот карактер на трговијата со текстил и облека, прекинот на работа на бутикот може катастрофално да се одрази врз вашиот бизнис.
Овој тип на осигурување го заштитува вашиот бизнис кога суштински елемент на бизнисот (како што е специјалната опрема или деловните простории) привремено стануваат неупотребливи.
Осигурувањето од прекин на работа го обезбедува сопственикот за приходот што би го добил доколку неговиот бизнис останал отворен.

4. Осигурување од кражба

Секој бутик односно продавница за облека е подложен на кражба. Сепак некои од нив се повеќе склони кон грабежи, во споредба со други. Со оглед на високата цена на облеката, кражбата е многу честа појава во бутиците за облека и сопствениците можат да се заштитат со ваквиот тип на полиси.

Милан Ристовски