Вегетаријанците и веганите плаќаат поевтино животно осигурување - Bits of insurance

Вегетаријанците и веганите плаќаат поевтино животно осигурување

Постојат многу студии чии резултати покажуваат дека вегетаријанската и веганската исхрана го намалуваат ризикот од разни болести. Се повеќе се чини дека осигурителните компании го заземаат истиот став.

Осигурителната компанија со седиште во САД – Health IQ детално објаснува зошто оние кои следат исхрана базирана на производи од растително потекло плаќаат помало осигурување на живот.

Според неодамнешното истражување на Институтот за јавно здравје во Скопје, најчестите причини за смртност во Македонија се : инфаркт и мозочен удар, зад кои следуваат канцерогените и респираторните заболувања како и дијабетесот. Извештајот вели дека дури 60 проценти од смртните случаи во земјава се поради кардиоваскуларни болести.

Најголемиот дел од овие причини за смрт се во директна релација со начинот на исхрана. Вегетаријанскиот и веган-начин на живот ја намалува појавата на овие смртни болести од следниве аспекти :

1.Намален ризик за појава на хипертензија

Според студијата спроведена во 2012 година од реномираниот Public Health Nutrition Journal, вегетаријанците и веганите имаат за 63{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} намален ризик од појава на хипертензија.

2.Намален ризик од појава на канцерогени заболувања

Според студијата на Critical Reviews in Food Science and Nutrition од 2016та година, вегетаријанците и веганите имаат за 34{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} намален ризик од карциноми кои се јавуват кај женската популација како и 22{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} помал ризик од рак на дебелото црево, односно намален ризик од појава на сите видови канцерогени заболувања за 15{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}.

3.Намлен ризик од појава на дијабетес

Според студија објавена во 2009 година од Diabetes Care Journal, вегетаријанците имаат за 49{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} намален ризик од дијабетес, во споредба со оние кои редовно конзумираат месо.

4.Намален ризик од појава на Алцхајмерова болест

Студијата објавена во The Journal of Alzheimer’s Association, вегетаријанскиот начин на живот ја намалува појавата на Алцхајмеровата болест за 53{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}.

5.Намален ризик од појава на срцеви заболувања

Според студија објавена од The Journal of the American Medical Association, ризикод од појава на срцеви заболувања кај вегетаријанците е намален за 9{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}.

Веројатно најбитен наод во врска со вегетаријанците, веганите и ваквиот начин на исхрана е фактот што прагот на смртност кај ова население е за 15{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} пониска од населението кое редовно конзумира месни производи. Поради помалиот степен на смртност кај вегетаријанците и веганите, тие плаќаат пониско животно осигурување отколку конзументите на месо и месни производи.

Американскиот Колеџ за кардиологија во една студија истакнува дека ризикот од смртоносни заболувања е за 26{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} повисок кај оние кои редовно конзумираат црвено месо.

Повеќе за ефектите на здравиот начин на исхрана врз животното осигурување, можете да прочитате овде.

Милан Ристовски