Браќата Винклвос лансираа fiat поддржана stablecoin, под зелено светло од регулаторот на Њујорк - Bits of insurance

Браќата Винклвос лансираа fiat поддржана stablecoin, под зелено светло од регулаторот на Њујорк

Тајлер и Камерон Винклевос, креатори на платформата за тргување со криптовалути наречена Gemini, добија дозвола од регулаторите од Њујорк да започнат свој сопствен stablecoin, според постот од нивниот Medium Gemini во понеделникот, 10-ти септември.

regulatorot

Таканаречениот Gemini долар сега има поддршка од Одделот за финансиски услуги во Њујорк (NYDFS). Medium пост на браќата ги опишува монетите како поддржани од американските долари и кои се “чувани во банка со седиште во САД и со право на ‘pass-through’ од FDIC, во зависност од важечките ограничувања.”

Потегот го претставува првото крипто-средство од близнаците, чија мисија да започнат фонд со биткоински размени (ETF) доби второ одбивање од регулаторите во јули.

“Тоа не е само Gemini Trust”, Forbes го цитираше Тајлер Винклвос:

Но, мора да изградите мрежа на важни играчи, кои исто така, имаат доверба да решаваат за [sic] trust проблемот на stablecoin.

Тргувањето со Gemini доларот почнува од денеса, а Тајлер изјави за Forbes дека се надева дека ова ќе ги реши проблемите поврзани со временските одложувањата помеѓу крипто-пазарите и временските ограничувања.

“… Доколку има одредено поместување на цените на одреден пазар и ако тоа се случува во петок навечер, трговците не можат да ја сменат fiat валутата се до понеделник”, додаде тој.

Коментаторите за криптовалути дадоа повеќе измешани мислења за stablecoins – криптовалути дизајнирани да бидат помалку променливи – бидејќи контроверзноста околу пазарниот stalwart stablecoin Tether (ТЕТТ) се смирува.

Зеленото светло на NYDFS го прави Gemini доларот “првиот во свет” лансиран регулиран stablecoin, според браќата, иако компанијата Paxos во понеделникот го објави и својот регулаторно одобрен stablecoin, и го кажаа истото тврдење.

“Овие одобренија покажуваат дека компаниите можат да создадат промени и силни стандарди на усогласеност во силна државна регулаторна рамка”, изјави супервидентот на NYDFS, Марија Т. Вуло, за Forbes.

Извор: CryptoHood