АСО: Уште неколку денови од повикот за изработка на труд - Bits of insurance

АСО: Уште неколку денови од повикот за изработка на труд

aso-logo

Со цел стимулирање на развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија, како и афирмација на млади и стручни кадри, Агенцијата за супервизија на осигурување доделува годишна награда за 2018 година за истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија.

Годишната награда на Агенцијата за супервизија на осигурување изнесува 80.000,00 денари.

Право за учество на конкурсот имаат државјани на Република Македонија до триесет и петгодишна возраст, односно до денот на доделувањето на наградата на 01.11.2018 година, учесниците не треба да имаат наполнети триесет и шест години. Учесниците кои имаат стекнато титула доктор на науки до денот на поднесувањето на трудот немаат право на учество на конкурсот.

Вработените и членовите на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување немаат право на учество на конкурсот. Трудовите се поднесуваат на македонски јазик.

Еден автор има право да поднесе само еден самостоен труд. Трудовите изработени во коавторство не се прифатливи.

Краен рок за доставување на трудовите е 30.09.2018 година.

Годишната награда на Агенцијата за супервизија на осигурување ќе се додели на 01.11.2018 година, по повод денот на основањето на Агенцијата за супервизија на осигурување.

Прочитајте повеќе.