Bithumb соработува со други крипто платформи за враќање на хакирани пари - Bits of insurance

Bithumb соработува со други крипто платформи за враќање на хакирани пари

Јужнокорејската Bithumb платформа за размена на криптовалути, во четвртокот соопшти дека можеби ќе може да ја намали финансиската штета предизвикана од повеќе милионското хакирање претходно оваа недела.

bithumb-brings-offline-cryptocurrency-payments-south-korea

Во новиот апдејт на својата веб-страна, фирмата соопшти дека иако објавила загуби еквивалентни на 31,5 милиони долари на Корејската агенција за интернет и безбедност (KISA), на крајот сепак ќе може да ја намали таа бројка.

Тие изјавија:

Ние најавивме околу 35 милијарди корејски вонови износ во штетата… Bithumb го намалува износот на штетата преку тековно враќање на штета и идните бројки се очекуваат да бидат пониски.

Објаснија дека работат и со други платформи за размени на криптовалути за да спречат понатамошни загуби и да ги добијат средствата.

Понатаму додавајќи дека ги задржуваат средствата на компаниите и клиентите одделно, велејќи во апдејтот: “Компанијата верува дека можете безбедно да го користите Bithnumb.”

Вестите за хакирањето се проширија во средата откако Bithumb потврди дека напаѓачите успеале да пристапат до нивните системи и да ги украдат милионите во криптовалути. Досега, копанијата не обезбедила детали за тоа како бил извршен нападот и за тоа колкава сума на крипто биле земени, иако се верува дека целта бил XRP.

Компанијата ги увери клиентите дека преостанатите средства биле преместени во offline cold wallets како мерка за безбедност и дека засега ги запреле сите депозити и повлекувања.

Добрата вест за сите клиенти е дека Bithumb изјави дека ќе ги покрие загубите предизвикани од хакирањето од сопствените резерви.

Во соопштението за медиумите објавено вчера, Корејската блокчејн асоцијација, саморегулаторна група составена од блокчејн стартапи за размена, го нарече хакирањето “срамно”, но додаде дека размената поради хакерските загуби е “добар начин да ги заштитиме нашите корисници”.

Здружението дополнително изјави: “Ќе продолжиме да воспоставуваме стандарди за заштита на корисниците, како што се безбедноста, условите и постапките на решавање на спорови кои сите овие треба да ги има размената на криптовалути.”

Според  денешните апдејти, агенциите кои помагаат да се истражат причините за хакирањето се Корејската комисија за комуникации, KISA и Националната полициска агенција.

Извор: CryptoHood