Се намалува старосната граница за пензионирање на рударите - Bits of insurance

Се намалува старосната граница за пензионирање на рударите

Владата на 88мата седница го усвои предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со којшто се намалува старосната граница за пензионирање на рударите.

dsc_3360

Откако министерството за труд и социјална политика ќе го достави законот и истиот ќе биде изгласан во Собранието на Република Македонија, рударите ќе можат да остварат право на старосна пензија и со навршување на 40 години стаж за мажи и 35 години пензиски стаж за жени.