Најголемата кинеска осигурителна компанија користи blockchain - Bits of insurance

Најголемата кинеска осигурителна компанија користи blockchain

Најголемата кинеска осигурителна компанија се обидува преку примена на blockchain да ја намали асиметричноста на податоците во осигурителната индустрија. Народната осигурителна компанија на Кина (НОКК) е најголем осигурител од несреќи, и дваесетиот најголем во свет осигурител според Forbes. Според објава за печат од 1 Септември, НОКК ја воведе blockchain технологијата во своето работење преку партнество. НОКК за да го направи нивното работење поефикасно оствари партнерство со blockchain платформата VeChain, и глобалната компанија за осигурување на квалитет и менаџмент на ризик DNV GL.

kineska

Новото партнерство се обидува да ја подобри превенцијата на измами, како и корисничкото искуство при намирување на оштетни побарувања. Бидејќи сопствениците на полиси ретко се мотивирани да ги изјават сите ризик фактори, осигурителите се во искушение да поминат подолго време во верификација на оштетните побарувања. Трошоците настанати при ова се пренесуваат на нивните клиенти. Овие трошоци понатаму се зголемуваат повеќе во реосигурителната индустрија. Реосигурителната група на Америка проценува дека едно од триесет оштетни побарувања се обид за измама.

Како кинеската осигурителна компанија ја користи blockchain

Во објавата за печат НОКК изјави дека blockchain технологијата ќе донесе дигитална трансформација на осигурителната индустрија, што би требало да донесе „инстант компензации“ за компаниите преку нудење на попрофитабилен бизнис модел. Во овој поглед, VeTorChain платформата ќе ѝ помогне на НОКК во менаџирање со податоците и нивното поефективно процесирање, додека DNV GL ќе го гарантира интегритетот на податоците како независен ревизор.

VeChain пронајде партнери во светот на модата и алкохолните пијалоци, каде blockchain се користи да ги заштити брендовите и купувачите.Преку VeTorChain јавниот blockchain компанијата цели на области како интернационален транспорт на стоки, осигурување и контрола на квалитет. Тука асиметричноста на податоците прави да е тешко да се верификува потеклото и хронологијата на сопствеништво на одредени добра. Преку имплементација на blockchain технологијата за дигитална обработка на документацијата, НОКК се надева да ги намали премиите и да ги поедностави процедурите. Уште дотолку, појавата на Internet-of-things (IoT) уредите може да допринесе до инстантна компензација и побрз осигурителен модел. VeChain пронајде партнери во светот на модата и алкохолните пијалоци, каде blockchain се користи да ги заштити брендовите и купувачите.

Повеќе околу VeChain

VeChain која има седиште во Шангај е забележана како првата blockchain фирма која лансираше соработка со кинеската влада. Токенот на VeChain наречен VET беше претставен во 2015, и е моментално во првите 17 криптовалути според капитализација на пазарот. Цената по која се тргува е 0,0189 американски долари, со пазарна вредност на акциите околу 1 милијарда долари. VeChain пронајде партнери во светот на модата и алкохолните пијалоци, каде blockchain се користи да ги заштити брендовите и купувачите. Други организации низ светот почнаа да ја прифаќаат blockchain технологијата. Во Август, Американската асоцијација на осигурителни сервиси (AAIS) ја претстави „првата сигурна отворена blockchain

Гоце Илиевски