Кога сме веќе кај референдумот - Bits of insurance

Кога сме веќе кај референдумот

Деновиве официјално започнува кампањата за претстојниот референдум во Република Македонија кој е предвиден да се одржи на 30 септември.
Граѓаните треба да го дадат својот глас за или против на прашањето : Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот меѓу Република Македонија и Република Грција?

referendum

За разлика од Македонија каде со референдум се одлучува за прашања од клучно значење за државата, во земјите каде што е прифатена непосредната демократија како начин на одлучување,  неретко се случувало граѓаните да одлучуваат за не толку круцијални теми. Една од нив – осигурувањето.

Швајцарија

Првиот референдум во врска со осигурувањето се одржал во Швајцарија на 2 октомври, далечната 1890 година. Гласачите требало да се произнесат околу донесување на федерална резолуција за измена на уставот во врска со несреќи и здравствено осигурување. Овој закон бил прифатен од страна на мнозинството гласачи и кантони. Инаку, овој референдум бил задолжителен.

Вториот референдум за осигурување во Швајцарија се одржал на 4 февруари 1912 година. Гласачите биле прашани дали го одобруваат донесувањето на федерален закон за здравствено осигурување и осигурување од несреќи. Предлогот бил одобрен од 54,4{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} од гласачкото тело.
Овој референдум бил опционален и за негово усвојување било потребно просто мнозинство од гласовите, за разлика од задолжителните референдуми, каде е потребно двојно мнозинство : мнозинството од гласачите и мнозинство од кантоните.

Лихтенштајн

Лихтенштајн е другата држава каде што е прифатена непосредната демократија како начин на одлучување. Исто како и Швајцарија, и во оваа држава се одржале два референдуми поврзани со осигурувањето.

Првиот бил одржан во далечната 1926 година, кога гласачите биле прашани да се произнесат околу закон за осигурување од пожари. Овој референдум не бил успешен бидејќи 65,8{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} од гласачите се изјасниле против.

Вториот, одржан на 14 декември 1952 година, каде 53.5{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} од регистрираните гласачи во оваа мала држава се изјасниле за воведување на закон со кој се предвидува осигурување на стари и изнемоштени лица.

Милан Ристовски