Штета при транспорт? Нема потреба за грижа! - Bits of insurance

Штета при транспорт? Нема потреба за грижа!

Доколку имате свој бизнис за увоз и извоз, потребно е да знаете дека Вашите пратки секогаш можат да бидат сигурни. Се почесто копаниите ги осигуруваат своите пратки со цел заштита и покритие на можните ризици при транспорт на стоките. 

transport

Oсигурување на пратки

Без разлика дали сте производна, трговска, или пак превозна компанија, овозможувањето сигурност и безбедност кога се работи за превоз на стока, Ви дава карактеристики на одговорна и организирана компанија. Токму затоа, Вие заедно со својата осигурителна компанија треба да го договорите обемот на покритие, согласно условите за осигурување, бидејќи се плаќа прифатлива премија за осигурување во зависност од дестинацијата, видот на превозно средство, видот на стоката, нејзината вредност како и ризиците. Вие добивате целосно осигурување на пратката при нејзиниот утовар, транспорт, па сè до растоварување на истата

Карго полиса

Грижата за робата, односно опремата која сте ја нарачале и платиле од некоја далечна држава и која очекувате да пристигне со различни превозни средства, како на пример: брод, авион, камион или комбинирано, започнува со меѓународната карго полиса, која обезбедува осигурување на пратката во времетраење на целокупниот меѓународен транспорт. При превозот на пратки и трговска роба во рамките на матичната држава, ризиците не се отсутни ниту пак се во помал број од оние во меѓународниот транспорт. Грижата за нив можете да ја обезбедите со домашната карго полиса. Моете да ја осигурате  стоката од основни и дополнитени ризици, и тоа  сообраќајна незгода,  пожар и експлозија,  елементарни непогоди (гром, невреме, град, подземни води, провала, поплава, одронување на земјиште и слично), неиспорака при разбојништво и кражба,  кршење и оштетување на одредени предмети превземени за транспорт, корозија и слично,  расипување или замрзнување, настанато заради неповолни вонредни надворешни влијанија.

 Цмр полиса

Одговорните превозници во меѓународниот транспорт согласно ЦМР конвенцијата, како задолжителен документ ја приложуваат и полисата за осигурување, со која се потврдува довербата од странските партнери при склучувањето на договорите за транспорт (реномирани Европски шпедитерски куќи). Вашата должност како превозници е преземената стока или опрема да ја пренесете до крајната дестинација, во состојба во која сте ја примиле. Поточно Вие сте одговорни за  потполен или делумен губиток на робата,  потполно или делумно оштетување на робата или  задоцнување на пратката. Согласно условите за осигурување и ЦМР конвенцијата, а во договор со нас, како Ваша осигурителна компанија, покритието се проширува и за судските и вонсудски трошоци, досудени камати, превознини, лежарини, складирања и сл.

Дополнително, при патување во странство задолжително е поседувањето на зелена карта и патничко задравствено осигурување.

Дали Вие сте се соочиле со оштетена роба при транспорт?

Гане Ангелов