Убиство поради осигурување во Македонија? - Bits of insurance

Убиство поради осигурување во Македонија?

Неретко сме гледале филмови како се сечат кочници, се убива и се прикриваат убиства само поради осигурувањето. Неодамна за прв пат имавме случај и во Македонија каде една од индициите за тројно убиство е токму осигурената сума на полиса на една од жртвите. Сеуште случајот во Дебар не е докажан, но земајќи ги во предвид сумите кои беа на ниво на шпекулација, можно е да е и тоа една од причините.ubistvo

Кој е мотивот за убијците

Осигурените суми се најчестиот мотив за извршување на овие грозоморни чинови. Како што знаеме осигурените суми при смрт од незгода се дуплираат или триплираат, што значи дека доколку умешно го прикријат, во зависност од осигурените суми, би земале големи пари. Така, во случај на осигурена сума на $1 милион (што не е реткост во поразвиените земји), наследниците на полисата би наследиле сума од 2 или 3 милион долари.

Заштита на компаниите

Компаниите за среќа го земале во предвид и овој вид на злосторство и знаеле дека може да се појават болни умови, па заштитени се на тој начин што доколку се случи убиство со мотив за стекнување на материјална корист, штетата не се исплаќа. Дополнително, и доколку се случи самоубиство на осигуреник пред одреден рок (најчесто 3-4 години), штетата не се исплаќа, бидејќи се смета дека и полисата е склучена со мотив за стекнување со материјална корист на семсјството или наследникот на полисата.ubistvo1

Ништо ново

На светко ниво, убиствата поради осигурувањето не можат да се соберат и калкулираат, но претпоставка е дека на пример во Америка се случуваат од едно со шест убиства на ден поради осигурување. Вакви случаи во последно време има се повеќе на далечниот исток каде најчесто жртви се жени и деца. Ова е тренд кој е апсолутно непопуларен и мора да се спречи што поскоро, бидејќи идејата на осигурувањето со овие постапки целосно се промашува!

Овие црни сценарија за среќа ги има најчесто на филмови, но замислете што би се случило доколку имал некој ваква полиса со осигурена сума од 201 МИЛИОНИ ДОЛАРИ. Во секој случај, животот нема цена, па секоја слична лудост е апсолутно неисплатлива и ненадоместлива.

Гане Ангелов