Што да знаете при купување осигурување? - Bits of insurance

Што да знаете при купување осигурување?

Како се започнува процесот на купување на осигурување? Како да ја изберете најдобрата осигурителна полиса? Многу прашања може да се постават, но ова се најважните работи што треба да ги знаете при купување осигурување:kupuvanje

  1. Дали за одреден штетен случај веќе сте осигурани од страна на Вашиот работодавец.
  2. Ако покриеноста е основна, можеби ви треба дополнително осигурување.
  3. Одлучете што ви треба – животно осигурување, осигурување во случај на незгода, дополнително здравстено осигурување.
  4. Ако сте самец, треба да осигурате некои евентуални настани од Вашиот живот, како на пример итна хоспитализација поради незгода, или болест.
  5. Корисник на Вашето лично осигурување од незгода е лице во најблиско сродство кое ќе го назначите, во случај на смрт или инвалидитет поради сообраќајна незгода.
  6. Ако имате семејство кое зависи од Вас, размислете да купите полиса за животно осигурување.
  7. Купувајте осигурување само од добро позната осигурутелна компанија, која има телефонски линија за корисници и намирување на оштетни побарувања.
  8. Разговарајте со Вашиот агент за кои точно сѐ опции Ви се на располагање. На пример, некои луѓе се загрижени дека во случај на тешка болест или инвалидитет може да претставуваат финансиски товар за семејството. Во такви случаи подобро е болничките трошоци да се покриени со осигурувањето.
  9. Може да изберете дополнително здравствено осигурување кое може да покрие секакви можни трошоци од примарното и секундарното здравство.
  10. Бидете подготвени да одговорите дали сте пушач, кој е Вашиот брачен статус, кај кој работодавец сте вработени итн.
  11. Вашиот агент ги внесува податоците во програм кој автоматски ќе ја пресмета премијата што треба да ја плаќате секој месец.
  12. Некои полиси нудат пакет на осигурувања, меѓу кои некои не Ви се потребни и само ја зголемуваат цената на премијата.
  13. Имајте на ум дека кај дополнителното здравствено осигурување нема исплата во случај на смрт или траен инвалидитет.
  14. Ако ви треба лично осигурување од незгода многу полесно е да се купи отколку дополнително здравствено осигурување. Некои компании нудат онлајн аплицирање, а од осигурителната компанија ќе се јават да ги потврдат месечните плаќања преку кредитна картичка.
  15. Има многу работи од кои може да изберете, затоа изберете внимателно. Запрашајте се – дали овие полиси се доволни? Каква е покриеност? Дали Вашето семејство е корисник на осигурувањето, и кој може да побара да бидат исплатени сумите за осигураните случаи?
  16. Некои осигурителни сајтови ви помагаат да споредите одредени полиси на осигурителниот пазар, но внимавајте затоа што може да биде збунувачки.
  17. Агентите или брокерите мораат да имаат лиценци за работа.

Гоце Илиевски