Сезона на грип - здравствено осигурување - Bits of insurance

Сезона на грип – здравствено осигурување

Без разлика на тоа колку силен имунитет имате, барем еднаш во годината сите потпаѓаме под влијание на сезонска настинка, грип или вирус.

Можеби воопшто нема да ви биде потребно осигурувањето, ниту пак да ги искористите бенефициите кои ги нуди. Но од друга страна, покрај тоа што е сезона во која што секој може лесно да се разболи, може да ви се случат други работи кои би влијаеле на вашето здравје.

gripovi

Во овој дел од годината болестите се најактуелни , па затоа клиентите на осигурителните компаниии ги промовираат доста овие полиси. Според бројките на обновени договори на годишно ниво може да се забележи дека најголем дел од договорите се направени токму во овој период. Доколку сте веќе вработени најверојатно имате здравствено осигурување, но не заборавајте тоа не ги покрива сите настинки и заболувања. Доколку вашите финансии дозволуваат добро е да го надоградите своето здравствено осигурување со некој од пакетите кои се застапени на нашиот осигурителен пазар.

На светско ниво е докажано дека стапката на здравствено осигурување се зголемува токму во овој период за значителен процент.

Доброволното здравствено осигирување на територијата на Република Македонија се појави во 2013 година. Во 2016 година се склучиле најголем број од овој тип на договори. Вредноста што е добиена од овие премии изнесува над 45 милиони денари.

Сепак освен можноста да се осигурате како поединец, некои од компаниите нудат и семејно приватно здравствено осигурување. Откако ќе се осигурате повеќе нема да се грижите за скриени трошоци или за било какви други неправилности кои би можеле да се појават.

Покрај прегледите кај општите лекари доколку се разболите, во овој тип на осигурување имате можност да ја додадете опција за покривање на породилни трошоци или пак стоматолошки трошоци.

Доколку сакате да направите добра инвестиција и да не се грижите дали нешто ќе ве изненади или не, приватното здравствено осиригување е најдобрата опција.

Марија Настова