Со хроно исхраната ќе заштедите на животно осигурување!?! - Bits of insurance

Со хроно исхраната ќе заштедите на животно осигурување!?!

Повеќето експерти се согласни дека здравиот начин на исхрана може да го продолжи вашиот живот. Денес, осигурителните компании имаат став дека ова ќе има позитивни импликации врз вашите финансии.

Хроно диетата како здрав начин на исхрана стекна широка популарност последниве години. Овој режим на исхрана се базира на идејата за почитување на природниот ритам на телото. Следбениците можат да јадат она што им се допаѓа, но само во даден период од денот. Оваа диета – развиена од францускиот нутриционист д-р Делабос – става различни групи на храна во различни оброци.

Многу луѓе кои го прифатиле овој режим на исхрана тврдат дека изгубиле многу килограми, и ја препорачуваат како многу ефикасна диета за губење на вишок килограми.

Покрај многубројните бенефити од хроно диетата (намален ризик од срцеви заболувања и дијабет, поголема самодоверба, подобар сон и расположение) овој режим на исхрана има уште една придобивка која е помалку позната – пониски премии за животно осигурување.

Животното осигурување е неизбежно поврзано со ризик. Доколку внимателно се грижите за себе и вашето здравје, помала е веројатноста да имате прекумерна тежина или да развиете здравствени проблеми кои можат да бидат ризик за вашето здравје. Ова значи дека доколку аплицирате за животно осигурување компанијата ќе ве смета во помалку ризична категорија.

Компаниите за осигурување на живот го земаат во предвид вашето здравје и навики при пресметувањето на вашата премија. Имено,со губење на неколку килограми може да заштедите 15{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} до 25{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} на вашето животно осигурување.

Здравиот начин на и исхрана може да ви помогне премиите за животно осигурување да ги бидат пониски и поприфатливи за вас. Покрај здравата исхрана, овие десет навики може да ја намалат премијата за животно осигурување :

  1. Поголема физичка активност
  2. Откажете се од цигари
  3. Намалете го внесот на алкoхол
  4. Конзумирајте поголемо количество вода
  5. Намалете го внесот на шеќери
  6. Не претерувајте со внес на кофеин
  7. Не прескокнувајте го појадокот
  8. Спијте барем 6 саати дневно и разбудете се порано
  9. Практикувајте јога или медитација
  10. Постигнете баланс помеѓу работа и одмор

Милан Ристовски