Пушењето и премиите за животно осигурување - Bits of insurance

Пушењето и премиите за животно осигурување

Доколку припаѓате во групата на пушачи, поголема е веројатноста дека ќе платите поголема премија за вашето животно осигурување од некој кој не конзумира тутунски производи.

pusaci

Оваа статија ќе ви ги објасни сите работи кои треба да ги знаете при купување на животно осигурување, доколку сте пушач.

1. Цигарите се само дел од спектарот

Веројатно мислите дека пушењето цигари е единственото нешто што ги интересира осигурителните компании при воспоставувањето на вашата полиса. Многу компании при овој процес ги земаат во предвид и следниве тутунски производи како на пример

  • Пури или цигарилоси
  • Електронски цигари (исто така познати како е-цигари)
  • Марихуана
  • Никотински лепенки или мастики

Доколку користите еден од овие производи, очекувањата се дека ќе платите поголема премија за вашата полиса.

2. Пури за прославување се ОК

Сепак и ова зависи од самата компанија, но најголем дел од нив нема да ве сметаат за пушачи доколку неколку пати во годината запалите пура за да прославите.

3. Марихуана?

Ова е уште една навика што сакате да ја разговарате со вашиот агент пред да склучите осигурителен договор. Некои компании за животно осигурување се океј со марихуаната, особено ако се работи за медицинска употреба.

Но, други компании се целосна спротивност. Некои можеби дури и ќе негираат покривање ако нивниот клиент ја користи оваа “билка”. Причината може да се лоцира во фактот што марихуаната е нелегална.

Повеќе за канабисот и животното осигурување можете да најдете овде.

4. Никотинските лепенки и мастики се проблематични

Зошто овие производи ќе ја зголемат цената на животното осигурување? Една од причините е тоа што, како и цигарите и другите производи од тутун, овие лепенки и мастики содржат никотин. Тоа е проблем бидејќи никотинот го зголемува ризикот за срцеви заболувања.

5. Времето е од суштинско значење

Без разлика на тоа кој тутунски производ го користите, некои компании ќе ви наплаќаат повеќе за осигурување на живот, ако ова го признаете. Периодот вообичаено се движи помеѓу шест месеци и една година.

Некои компании бараат од вас да се ослободите од тутун до пет години за да ве сметаат за “непушач”.

6. Ќе бидете наградени доколку престанете да пушите

Ако вашaта осигурителна компанија ве става во категоријата “пушач” или “корисник на никотински производи”, тоа сепак не е трајно.

Ако истраете без цигара една година, најголем дел од компаниите ќе ја преиспитаат вашата ситуација. Тие би можеле да ја намалат цената на вашето животно осигурување.

Милан Ристовски