Осигурајте го Вашиот багаж при патување - Bits of insurance

Осигурајте го Вашиот багаж при патување

Неретко се случува патувајќи низ светот, посебно по аеродромите, Вашиот багаж да биде изгубен, куферот оштетен или багажот да доцни и не стигне заедно со Вас. Најчесто при ваква ситуација преовладува паника, но не грижете се бидејќи и во такви случаи има решение.

patuvanje

Права на патниците

Доколку ги нема куферите веднаш морате да пријавите во службата за загубен багаж и да ги пополните формуларите кои се дел од процедурата. На основ на бординг картата, веднаш почнува потрагата по багажот, дали при трансферот можеби де загубен или пак е по грешка пренесен на авион кој се упатува на друга дестинација. Во случај Вашиот багаж да не Ви биде вратен во рок од 7 дена, Ве следи надоместок од максимални 1200еур.

Оштетен багаж

Во случај на пристигнување на оштетен багаж или од багажот да недостасуваат работи, патникот е должен да се обрати во службата за изгубен багаж за да отвори записник за оштетен багаж. Осигурителните компании како компонента од патничкото осигурување имаат ставка и за украден или оштетен багаж, што значи дека на основ на полисата која ја имате, Ве следи обештетување и од компанијата. Во зависност од премијата, сумата која би ја добиле во овој случај се движи од 150 до 300 евра.

patuvanje1

Корисни совети за заштита на вашиот багаж

И покрај се, имаме корисни совети за да го заштитите Вашиот багаж.

  • Доколку одите на пократок престој, обидете се да се спакувате добро и да успеете се да сместите во рачен багаж. Доколку тоа не е возможно, барем најнеопходните работи гледајте да ги сместите во рачниот багаж.
  • Голем број куфери изгледаат исто или слично и поради тоа е можно некој по грешка да го подигне вашиот или вие да земете туѓ. Затоа, секогаш барајте некоја препознатлива карактеристика пред да го подигнете багажот.
  • Обележете ги Вашите куфери со некоја налепница или некој друг белег, со цел да се разликуваат од останатите.
  • На Вашиот багаж ставете од внатрешна страна картичка со Ваши податоци. Едноставно, пластифицирајте ја и ставете ја за во случај да се изгуби багажот, вработените да можат да ја видат точната адреса.

Кое е Вашето искуство? Дали сте имале непријатни ситуации со Вашиот багаж и колку време Ви беше потребно да ги решите?

Гане Ангелов