Осигурување на категоријата спортисти во Македонија - Bits of insurance

Осигурување на категоријата спортисти во Македонија

Спортистите кои целиот свој живот го посветуваат на тренирање и натпреварување, се подложни на голем ризик. Односно една повреда во тренажниот процес, може да ги оддалечи од животната професија, од која заработуваат за живот. А токму тоа е и причината, за која се осигуруваат поради несакани последици во нивната кариера. Како по здравјето, така и по нивната спортска кариера.

sportisti

Информацијата за спортистот најважна карактеристика во осигурувањето

Но, ајде да видиме како осигурителните компании го почнуваат и го завршуваат процесот на осигурување на спортисти. Во осигурувањето негативната селекција е пазарен процес каде асиметричните информации предизвикуваат негативни резултати. Добар пример е здравственото осигурување на спортистите. Осигурителните компании зависат од клиенти со различна здравствена состојба.Поради тоа потребата од одреден број здрави поединци (низок ризик) за да плаќаат премии и да не користат многу услуги. Меѓутоа, најголема веројатност дека ќе купат здравствено осигурување се спортисти на коишто им е потребно такво осигурување поради здравствени проблеми (висок ризик). Оваа категорија луѓе се поголем трошок за осигурителните компании бидејќи имаат потреба од повеќе услуги отколку здравите лица. Осигурителните компании не ја познаваат здравствената состојба на секој нов апликант спортист. Меѓутоа прават се што е во нивна моќ да дознаат што е можно повеќе за нивниот клиент. Поради овој недостаток на информации компаниите ги зголемуваат премиите за да го ублажат ризикот.

Триглав Осигурување – пример за осигурување на спортисти во Македонија

Осигурителна компанија која е вистински пример на осигурување на спортисти во нашата држава е Триглав Осигурување. Тие на нивната страница имаат поставено целосно објаснување како се прави и што е потребни за осигурување на спортисти. Триглав оди дотаму и што во типовите на осигурување, ги третира и аматерите спортисти и рекреативците. Но, не само нив. Туку и учесниците на масовен рекреативен настан, на трки и спортски натпревари. Плус осигурува и трошоци за лекување за странски учесници на спортски натпревари.  Според оваа осигурителна куќа, осигурувањето за спортисти-аматери е наменето за лица кои аматерски се занимаваат со спорт и кои се регистрирани членови на спортски друштва. Ова осигурување може да го склучи правно или физичко лице. Осигурувањето може да биде индивидуално или групно, при што премијата за едно лице во двата случаи е иста.

Регулацијата на исплата на дневниот надомест кај спортистите аматери се пресметува на посебен начин. Таа е поврзана со времетраењето на неспособноста за извршување на нивните редовни работни обврски, не со неспособноста за спортски активности.  Врвните и професионалните спортисти се осигуруваат по посебни премиски групи. Исплатата на дневниот надомест трае сѐ додека спортистот не е во состојба да ги извршува своите редовните работни обврски. Односно додека не почне со  тренинзи и натпреварувања.

Осигурувањето на спортистите аматери, како и професионалните спортисти може да го направат според следниве ризици. И тоа според губење на живот поради незгода, инвалидитет како последица на незгода, за привремена неспособност за редовни работни обврски. Но, исто така и за, сместување во болница како надомест за болнички ден  и трошоци за лекување.

Ова е одличен пример на раководството на оваа компанија, што  ја ставила и оваа категорија осигуреници во нивниот план. Целиот потег доволно говори за успешноста на оваа компанија. Тоа е доказ дека кај Триглав нема приоритетни групи во осигурувањето, туку секоја категорија осигуреници е важна за нивната осигурителна куќа.

Атанас Димовски